33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСветЈужно Африканката Тамара роди 10 здрави бебиња, при што го сруши Гинисовиот...

Јужно Африканката Тамара роди 10 здрави бебиња, при што го сруши Гинисовиот рекорд во светот.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Госијаме Тамара Ситол, 37-годишна мајка на шестгодишни близнаци, првично мислеше дека ќе има осум новороденчиња. Но, кога се породи со царски рез во болницата во Преторија во понеделникот, таа беше изненадена кога се појавија 10 бебиња, изјави нејзиниот сопруг Тебохо Цотеци за „Преторија њуз“.

<

„Се родија седум момчиња и три девојчиња“, изјави таткото Цотеци по породувањето на неговата сопруга во седмиот месец од бременоста.

Госијаме Тамара кажа дека останала бремена го природен пат и без никаков третман за плодност. Ако биде потврдено, породувањето со 10 деца на Ситол би го направило првото познато раѓање на десетка.

Претходниот рекорд го држаеше Халима Сисе , која, наводно, родила девет деца минатиот месец.

„Светските Гинисовите рекорди се информирани дека Госијаме Тамара Ситоле родила десетка. Испраќаме честитки и најдобри желби на семејството“, изјави за „Пост “ портпарол на организацијата.

„Во сегашно време, ова допрва ќе го потврдиме како запис бидејќи благосостојбата и на мајката и на бебињата е од најголем приоритет. Нашиот тим за евиденција заедно со специјалист консултант го разгледуваат ова“, рече портпаролот.

Ситол го покажа својот огромен труднички стомак минатиот месец за време на фотосесија со нејзиниот сопруг, кога сè уште мислеа дека очекуваат осум бебиња.

Дури и осумката беше изненадување за родителите, бидејќи првичните прегледи покажаа само шест бебиња, изјави претходно среќната мајка за „Преторија њуз“.

„Кога лекарот ми соопшто, не ми се веруваше“, рече таа за навидум неточните вести дека очекувала осум бебиња.

„Дури и кога го видов ултразвикот, се’ уште не верував во тоа. Но, како одминуваше времето, сфатив дека е вистина. Одвај спиев ноќе “, рече таа.

„Бог направи чудо и моите деца останаа во матката без никакви компликации“, рече таа за својата „тешка“ бременост.

„Само се молам Бог да ми помогне сите мои деца во бидат здрави и јас и моите деца да излеземе живи “, рече таа тогаш.

Нејзиниот сопруг, кој е невработен, рече дека тој „се чувствувал како едно од Божјите избрани деца“ дури и кога мислел дека ќе стане татко на осум деца.

ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...