8.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес градоначалникот на Охрид ја враќа железната ограда од вила „Билјана“ во...

Денес градоначалникот на Охрид ја враќа железната ограда од вила „Билјана“ во Белград.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ, ќе присуствува на свеченото примопредавање на дел од поранешната парламентарна ограда од страна на претставниците на градот Охрид и делегацијата на Македонија, беше објавено денескa на веб-страницата на националното собрание на Србија.

<

Тоа е зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година.

Како што е наведено на веб-страницата на Собранието на Србија, примопредавањето ќе се изврши на платото пред Домот на Националното собрание во четврток во 7.30 часот, а оградата свечено ќе му ја предаде на Дачиќ, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, изјави дека примопредавањето на дел од оградата е знак на пријателство меѓу двата народа и ги покани граѓаните на Србија да го посетат Охрид.

-Ова е гест на пријателство и поврзување помеѓу двата народи и унапредување на соработката помеѓу Охрид и Република Северна Македонија со Република Србија, како на полето на културата, туризмот, бизнисот и секако на зајакнување на политичките односи меѓу двете држави.

Георгиевски потенцираше дека во Охрид ќе биде донесена одлука сите посетители од Србија да бидат ослободени од плаќање паркинг во тој град.

Споменатиот дел од оградата бил пред Собранието во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид, каде ја украсувал вилата „Билјана“, каде повремено престојувал Јосип Броз Тито. Оградата е изработена од ковано железо а била однесена во Белград денес со авион.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...