21.1 C
Ohrid
среда, август 4, 2021
Почетна Македонија Граѓаните од 1-ви јули ќе плаќаат поскапо гориво, со цел да се...

Граѓаните од 1-ви јули ќе плаќаат поскапо гориво, со цел да се откажат од дизел возилата…

Translate (Eng):[gtranslate]

Од 1 јули годинава ќе се воведе нова давачка за граѓаните – еколошка такса од 3,5 денари за нафта и нафтени деривати. Олеснување за граѓаните ќе биде намалување на цената на ДДВ за струја, со што сметките наредните две години ќе бидат помали односно ќе се амортизира ударот од поскапувањето на електричната енергија. Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев објаснувајќи дека новата давачка е дел од зелената агенда на Владата, а парите собрани по овој основ ќе одат во таканаречениот еколошки фонд.

„Еколошката такса која е предвидена со ребалансот на буџетот е дел од еколошката програма на Владата. Веќе отворивме еколошки фонд со којшто треба да го поддржиме инвестирањето во обновливите извори на енергија. Влезени сме во сериозен процес на промена на јагленовите термоелектрани во фотонапонски, ветерници и гасни. Паралелно со тоа државата мора да ги јакне своите институционални и финансиски можности за инвестирање во вакви извори. Еколошката такса оди со 3,5 денари на нафтата со порака да се откажеме од користење нафта и нафтени деривати и да преминеме буквално во користење на зелена енергија односно да се движиме почесто со велосипед, тротинер или со електрични возила, затоа што тоа го прави цел свет“, рече денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање при доделувањето на парите од ТАВ наменети за инфраструктурни проекти на општините.

Од еколошката такса годишно во буџетот ќе се влеваат 54 милиони евра.

РЕКЛАМА

Заев најави дека од наредниот месец цената на ДДВ за струја ќе се намали од 18 на 5 отсто. Ваквата мерка ќе трае до 1 јули 2022 кога ќе биде 10 отсто, а од јули 2023 повторно ќе се врати на 18 отсто. Според Заев ваквата мерка ќе овозможи социјална стабилност на граѓаните.

„До 2023 ќе ги подготвиме најсиромашните преку државна помош да ги пребродат енергетски промени. И со воведувањето на еколошка такса остануваме со најниски цени на нафтата во регионот“, рече Заев.

А. АНТЕВСКА СДК.МК

- Реклами -