31.9 C
Ohrid
понеделник, август 2, 2021
Почетна Македонија Заев: И покрај новите давачки за горивата пак имаме најевтини бензини во...

Заев: И покрај новите давачки за горивата пак имаме најевтини бензини во Европа

Translate (Eng):[gtranslate]

И покрај најавеното поскапување на горивата премиерот Заев тврди дека во Македонија има најевтини горива во Европа. Тој денеска објасни дека тоа е дел од зелената агенда на Владата.

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека ќе има еколошка такса за нафтата од 3,5 денари и намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Одлуките, како што изјави, допрва следуваат и се дел од програмата на Владата за екологија.

Со еколошката такса планирано е во Буџетот да се слеат една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари за цела 2020 година. Средствата ќе бидат лоцирани во фондовите за инвестиции на обновливите извори на енергија.

РЕКЛАМА

И со воведувањето на оваа еколошка такса, како што изјави, остануваме меѓу земјите со најниски цени за нафтата и бензините.

– Еколошката такса од 3,5 денари на нафтата е со порака да се откажеме од нафтата и нафтените деривати и помало нивно користење за да преминеме на користење на зелена енергија, односно да се движиме почесто со велосипед, тротинет и електрични возила затоа што тоа го прави цел свет.

Преку една ваква еколошка такса, средствата ги лоцираме директно во фондовите за инвестиции на обновливи извори на енергија, но истовремено и за амортизација при либерализацијата на пазарот на струјата затоа што сакаме да ја подготвите С. Македонија и граѓаните за меко спуштање при целото пазарно пласирање на цената на струјата со конечна цел да нема покачување на цената на струјата оваа година, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за инфраструктурни проекти за 23 општини.

Намалувањето на ДДВ-то на струјата се планира околу 1 јули и според премиерот тоа ќе важи до 1 јули 2022 година кога ДДВ-то ќе биде 10 проценти до 1 јули 2023 година и кога повторно ќе се врати на 18 проценти.

– Токму преку ваквите механизми овозможуваме социјална стабилност на граѓаните. Ќе ги развиеме сите социјални програми за во 2022, 2023 и 2024 година најсиромашните граѓани да бидат подготвени полесно да ги пребродат сите енергетски промени што ќе дојдат со транзицијата од јагленовите термоелектрани во зелените енергии како што се фотоволтациите и ветерниците, појасни Заев.

Премиерот нагласи дека земјава е влезена во сериозен процес на преминување на јагленовите термоелектрани во фотонапонски и гасни електрани.

Во однос на кратењето на непродуктивните ставки во ребалансот на Буџетот, премиерот истакна дека е скратено се она што значи конфор на кабинетите на министрите и директорите на претпријатија.

Според него, не се скратени ставките што значат набавка на возила за медицински потреби или било какви други неопходни потреби за нормално функционирање на инспекциските или административните служби.

Со ваквото зголемување на цените на дизелот се ризикува зголемување на цените на повеќе продукти, а тоа ќе значи уште поголем удар врз џебот на народот и потежок живот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев воведува и нов данок, нова давачка наречена еколошки надомест со кој дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари. Заев не ги прашал граѓаните, ниту отворил дебата, Заев го планирал овој данок и го ставил во ребалансот во делот на планиран приход.

Заев сака за една година на народот да му земе 54 милиони евра како последица на новиот данок на дизелот. Тоа се пари кои главно ќе им бидат земени на земјоделците и на транспортерите. Тие 4 денари наместо за плата на вработените или за нови инвестиции ќе одат за покривање на дупките во буџетот кои ги направи Заев.

Со ваквото зголемување на цените на дизелот се ризикува зголемување на цените на повеќе продукти, а тоа ќе значи уште поголем удар врз џебот на народот и потежок живот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

- Реклами -