14.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаСпецијално за ММС: Велешани ги натераа Украинците да пијат македонска лута ракија

Специјално за ММС: Велешани ги натераа Украинците да пијат македонска лута ракија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Специјално за ММС од Букурешт, Орце Костов

<

Украинските фанови пристигнаа во Букурешт за денешниот натпревар Македонија – Украина со почеток од 15 часот по македонско време и веднаш се упатија кон базата на македонските навивачи во строгиот центар на романската престолнина.

Украинците се изненадија од гостопримството на Македонците кои во Стариот град на Букурешт се како дома, па добија покана да им се приклучат во славјето.

Секој од нашите навивачи посака да се фотографира со Украинците и нивното знаме за да направи спомен од настапот на Европското првенство.

Тие се чувствуваа како ѕвезди и сите очи беа вперени кон нив кога се случи најголемото изненадување – им понудија да пробаат македонска лута ракија.

А, кој друг ако не велешани и бившите фудбалери кои потекнуваат оттаму. Велешани се познати по тоа што пијат ракија и на голо без мезе, па ги натераа Украинците да пробаат од македонскиот специјалитет.

– Пробај ја, не лути, му рече нашиот навивач на Украинецот.

Но, кога тој голтна една голтка, го скисели лицето и издиша длабоко.

– Леле ама ме гори во грлото“, рече Украинецот на што нашите фанови гласно се изнасмеаја.

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И ФОТОГРАФИИ КЛИКНЕТЕ НА ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...