27.9 C
Ohrid
сабота, јули 31, 2021
Почетна Македонија Сузана Спасовска си ја отвори душата: Теона е вонбрачно дете, го нема...

Сузана Спасовска си ја отвори душата: Теона е вонбрачно дете, го нема видено татко ѝ од бебе!

Translate (Eng):[gtranslate]

Има гласови од кои за миг застануваат стрелките на часовникот, течението на реката, летот на птиците, дишењето на човекот. Има еден глас кој долги години ги маѓепсува сите четири страни на светот штом ја запее “Јано севдалино”, “Параходот”, “Ајде сонце зајде”.

Со право легендарната Васка Илиева и го остави аманетот да ја разлева македонската народна песна секаде каде ќе зачекори и еве до ден денешен таа успешно го исполнува тоа.

Со музичка кариера на која може секој да и позавиди, сеуште со голема енергија за нови височини, таа ни докажува дека со годините и зрелоста може секогаш да се даде уште повеќе, а со својот глас да ја “сееш” среќата меѓу луѓето…гласот на Сузана Спасовска…

РЕКЛАМА

Се повеќе на нејзините настапи публиката може да ја чуе безвременската “Да сум бистра вода” која полека како да заживува меѓу народот и добива на поголемо значение.

Особено на настапите со ансамблот “Танец” каде Сузе е веќе седум години солист првенец со што уште повеќе го зајакна и збогати тоа наше големо “семејство”.

Сузе во „Живот со стил“ раскажа и една случка која е се случила пред неколку години и таа Нова година ја памети како една од нaјтeшкитe.

„Сите за Нова година сме расположени, среќни. А ние пејачите треба да бидеме расположени и среќни. Се случи пред неколку години кога тргнавме на пат за Сиднеј каде што требаше да пееме за Нова година и тргнавме 3 дена пред нова година. Имаше многу магла, не се знаеше дали ќе полетаме.

Со куферите натака – навака. И на крај полетавме, но веќе во Истанбул, не можеме понатаму, моравме да преспиеме. Преспавме, од Истанбул заминавме во Хонг Гонг, а од таму директно во Сиднеј. Ние стигнавме вечерта во 18ч пред Нова година. Луѓето започнаа да се собираат во салата, а ние имавме време само да се истушираме.

Тоа беше нaјтeшкaтa Нова година, кога требаше да бидам насмеана, а бев уморна, нерасположена. Дадовме се од себе“ вели Сузе.

Еден од најважните денови на Спасовска во 2019 беше денот кога ја омажи својата ќерка Теона.

„Теона е многу добар организатор. Повеќето работи сама си ги направи, заедно со момчето. Меѓутоа, јас сум секогаш тука кога треба да се помогне, а најмногу треба да се помогне кога треба да се плати.

Сите работи ги правевме заеднички, се договаравме. Свадбата помина прекрасно, не очекував дека толку лесно ќе помине. Не го почувствував напорот на тој ден“ вели пејачката.

Сузе откри дека најголема поддршка и се нејзините родители кои ја чувале Теона додека пејачката имала настапи.

Македонската фолк дива Сузана Спасова неодамна си ја отвори душата (во ТВ-емисија “Живот со стил“ на ТВ-24) кога рече дека никогаш не била омажена, а брак немала.

Ќерката Теона е дете (родена е во ова предновогодишно време) од човек со кој била тогаш во долга врска.

– Теона го нема видено својот татко уште од нејзината едногодишна возраст, кусо објасни Сузана.

Сепак, за оние кои не се во тек со случувањата од животот на познатите, популарната пејачка живеела со српскиот менаџер Раде Милиќ во Скопје, но по раскинувањето на таа емотивна врска, која во тогашните медиуми беше честопати скандалозно коментирана, Раде си замина од Македонија, Сузана остана со Теона како самохрана мајка, продолжи самата успешно за неа да се грижи.

Инаку, Спасова во октомви ја омажи ќерка си.

Во светкав долг фустан, Спасовска играше и пееше на свадбата на ќерка си Теона.

Теона, во јануари годинава, му кажа „ДА“ на своето долгогодишно момче Виктор Велковски. Запросувањето се случи симболично на нејзиниот роденден.

- Реклами -