23.9 C
Ohrid
петок, јули 30, 2021
Почетна Свет Грчкиот пилот го признал убиството на младата Британка: "Ме удираше и кажа...

Грчкиот пилот го признал убиството на младата Британка: “Ме удираше и кажа дека ќе ме остави

Translate (Eng):[gtranslate]

Сопругот на младата Британка која наводно била убиена за време на грабеж во нивниот дом и чие тело било пронајдено покрај нејзиното бебе го признал злосторството, објавила грчката полиција објавува Точка.мк.

Бабис Анагностопулос, 32-годишен пилот, со полициски хеликоптер во четвртокот бил пренесен во Атина од островот Алонисос, каде бил на одмор со својата сопруга Каролина Крауч, пишува “The Guardian”.

Обвинувал крадци па признал се. Анагностопулос признал се неколку часа подоцна, објавила полицијата на Твитер.

РЕКЛАМА

32-годишниот пилот на инспекторите им рекол дека ја убил сопругата по расправија во која му се заканила дека ќе го напушти и ќе го однесе нивното дете.

“Се расправавме таа вечер. Во еден момент го фрли детето во креветчето и ми кажа да излезам од станот. Ме турна и ме удри. Ми се стемни, ја убив, а потоа направив да изгледа како грабеж”, им рекол на полициските инспектори.

Грчки министер: Шокиран сум од варварското злосторство

Полицијата нудела награда од 300.000 евра за информации за злосторството. Грчкиот министер за внатрешни работи Михалис Крисохидис по убиството рекол дека е шокиран од варварското злосторство.

Анагностопулос претходно тврдел дека тројца мажи провалиле во куќата, го врзале и ја убиле неговата сопруга пред да побегнат со 15.000 евра во кеш.

Разбојниците го убиле и семејното куче, тврдел тој.

Полицијата не успеала да пронајде никаков траг од крадците кои наводно го извршиле злосторството, известиле грчките медиуми.

Точка.мк

- Реклами -