8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДенешниот натпревар против Холандија ќе биде последен и за Игор Ангеловски-Mрме

Денешниот натпревар против Холандија ќе биде последен и за Игор Ангеловски-Mрме

Денешниот натпревар против Холандија ќе биде последен и за Игор Ангеловски-Мрме на функцијата селектор на Македонија, неговиот договор со ФФМ истекува.

Со крајот на настапот на Македонија на Европското првенство завршува и договорот на Игор Ангеловски за селектор на репрезентацијата.

„Договорот ми завршува, јас можам само да кажам благодарам на човекот што седи до мене (Горан Пандев), најдобриот фудбалер во историјата на македонскиот фудбал. Среќен сум што работев со таков човек и капитен. Знаеме каде бевме пред пет и пол години, на 162 место на ФИФА, а каде ја донесовме Македонија – на Европско, второ место во квалификациите за Светско. Тоа доволно говори за се што направивме. Максимално посветно до последен ден ќе го одработам договорот, а не сакам ништо да зборувам за иднината“, вели Ангеловски.

Во последно време Ангеловски често се поврзува со некои клубови, па веројатно од следната сезона ќе седне на некое друго тренерско столче и ќе му се врати на клупскиот фудбал. Но прво да го одиграме мечот со Холандија.

„Холандија е апсолутен фаворит, знаеме која е Холандија, бивш европски првак, селекција која постојано е во круг на кандидати за евротитулата. Но, ное мора да одиграме како второто полувреме со Украина. Да ги повториме добрите моменти од тој меч. Треба да пробаме да одиграме против изразит фаворит, да се бориме да стигнеме до позитивен резултат. Против такви селекции мора да се извади максимумот и да го покажеме нашиот квалитет“.

На прашањето за неприродни позиции на дел од играчите во тактиката на Ангеловски, тој рече: „Позицијата на Стефан Ристовски за која сметате дека е импровизирана, ни донесе победа над Германија, победа над Словенија и реми со Италија. Импровизација е кога нешто пробуваш првпат“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...