24.9 C
Ohrid
сабота, јули 31, 2021
Почетна Македонија Груевски: На криминалната банда на власт еднаш ќе ѝ дојде крајот

Груевски: На криминалната банда на власт еднаш ќе ѝ дојде крајот

Translate (Eng):[gtranslate]

Без ниту еден матерјален доказ, кој и не може да го има бидејќи не сум направил никакви купопродажби, и само со приказни од типот „рекла-казала” на неколку, најблаго кажано, уценети лица од власта со најбрутални методи, очекувано, уште пред 7-8 дена судот прифати да се расправа за обвинението на обвинителство креирано по наредба, пишува на социјалните мрежи, поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски.

„Тоа е она кога не те бива нешто сериозно да создадеш, изградиш, реформираш, унапредиш, да исполниш ветувања кон народот, па удираш по тој кој го направил тоа што не можеш ти, верувајки дека така ќе ја намалиш неговата, а ќе ја зголемиш својата вредност во перцепцијата на народот, и се со цел да се одржиш подолго во криминалното работeње и рекетот од позиција на власт“, се наведува во објавата на Груевски.

РЕКЛАМА
- Реклами -