24 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаМакедонијаСопственикот на Фенербахче го купува Вардар?!

Сопственикот на Фенербахче го купува Вардар?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Турскиот бизнисмен Али Коч е сериозно заинтересиран да влезе со сопствен капитал во Вардар и од најтрофејниот македонски фудбалски клуб да создаде филијала на гигантот Фенербахче, кој е во негова сопственост, јавија денеска локалните медиуми.

<

Турскиот весник „Ајанспор“ објави дека намерата на Коч е Вардар да биде „пилот“ тим на Фенербахче, кој во македонската екипа би испраќал млади и талентирани фудбалери да стекнуваат искуство.

Според истиот извор, Коч се одлучил на таков чекор, откако Турската фудбалска федерација повеќе од една и пол година не одговорила на предлогот на Фенербахче за формирање национална резервна лига.

Коч на почетокот на овој месец првпат ја објави намерата да формира странска филијала на Фенербахче, еден од најтрофејните турските клубови, кој е во сопственост на најголемиот индустриски конгломерат во земјата „Коч Холдинг“.

– Ако имаме „свој“ клуб (во странство) таму ќе можеме да тестираме и развиваме многу наши фудбалери, изјави неодамна Коч за турските медиуми.

Вардар е во тешка финансиска состојба, која најтрофејниот македонски клуб минатата сезона го доведе да го загуби прволигашкиот статус и од следната сезона првпат во својата историја да игра во Втората македонска фудбалска лига.

Вардар преку Фенербахче во 2017 година го постигна својот најголем успех на европската сцена, кога во плејофот во Лига Европа го елиминираше турскиот гигант и стана единствениот македонски клуб кој настапил во групната фаза во еврокуповите.

Пишува: Инфомакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсена докторка во Македонија за примање поткуп !!!

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во...

Сообраќајка кај Битола: Автомобил удри во комбајн

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп кај клучката с. Тополчани. Според информациите, се судриле автомобил и комбајн. Засега нема информации за повредени.

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...