23.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Идентитетот е бетониран -За цел свет сме Македонци од Северна Македонија,...

Заев: Идентитетот е бетониран -За цел свет сме Македонци од Северна Македонија, ФИРОМ е минато

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на пратеничките прашања на седницата на Собранието, го праша премиерот Зоран Заев зошто, откако грчката влада се налути затоа што фудбалската репрезентација тој ја именуваше како македонска, вчера се корегираше велејќи дека направил грешка и ѝ се извини на Грција. Заев објаснувајќи ги одредбите од Преспанскиот договор рече дека е коректно што признал дека направил грешка со „македонска фудбалска репрезентација“  и порача пратеничката да не се грижи за идентитетот, зашто ФИРОМ е минато.

<

„Нели придавката македонска е дозволена со Преспанскиот договор, а именувањето со Северна Македонија се однесува на државни институции, а ФФМ не е тоа, и зошто велевте дека македонскиот идентитет е бетониран, кога има информации дека се преговара и за тоа? До каде ќе одите со понижувањето на македонскиот народ? Едни изјави давате дома, а други во странство”, рече Лашкоска во прашањето упатено до Заев.

„Едни изјави дома, а други надвор дава вашиот лидер Мицкоски. Јас тоа што го кажав, го кажав дома. Јас го преговарав Преспанскиот договор, тој е преточен во закон, и точно знам какви се одредбите. Самите кажавте дека Северна Македонија не важи како придавка. И точно е тоа. Но, кога велите – фудбалска репрезентација на… да, таа е на Северна Македонија. Коректно е кога ќе се згреши да се признае. Да, бетониран е македонскиот идентитет. Денеска и за грчките политичари нема дилеми кога се употребува северна, а кога Македонец, македонски. Порано за цел свет бевме ФИРОМ, само дома Република Македонија. Денес за цел свет сме Северна Македонија, за цел свет сме Македонци кои говорат македонски јазик. За идентитските прашања, нема преговори и нема да има преговори”, одговори Заев.

„Во ваш стил одговоривте – закукулено, замумулено… Критична е работата за идентитетските прашања, останува уште да санкционирате граѓани кога на социјалните мрежи пишуваат Македонија”, возврати Лашкоска и рече дека нема дополнително прашање за премиерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...