14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЧовекот кој три пати донираше крвна плазма за пациентите болни од Ковид,...

Човекот кој три пати донираше крвна плазма за пациентите болни од Ковид, сега се моли за помош за лекување во Скопје

Перо Рујковски од гевгелиско Миравци кој во три наврати донираше крвна плазма за болни со ковид-19 сега апелира на хуманост од граѓаните бидејки му се потребни средства за како што вели тој хируршки зафат на левата рака во приватната клиника. Како невработено лице со невработена сопруга вели дека нема пари за да замине на хируршка интервенција за да ја движи левата рака.

,, Во февруари имав фрактура на левата подлактица и изместено рамо но сега чувствувам страшни болки. Тогаш требаше да направам хируршка интервенција но заради корона кризата операцијата ја одложив. Ми предложија хируршка интервенција во ,,Систина’’ но немам пари за лекување па апелирам на хуманост кај граѓаните,, ни изјави Рујковски кој нема пари и да замине на преглед во Скопје

Тој во меѓувреме бил и на физикална терпаија но подобрување со левата рака не чувствува. Надеж дека може да се направи нешто му дале од ова клиника, но нема средства за лекување.

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...