26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПандев е подготвен да игра уште една година-одлуката ќе ја соопшти после...

Пандев е подготвен да игра уште една година-одлуката ќе ја соопшти после одморот ???

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Горан Пандев е подготвен да продолжи да игра фудбал уште една година, одлука што најдобриот македонски фудбалер на сите времиња ја има донесено, но ќе ја соопшти по завршувањето на заслужениот одмор што го зема по настапот за националниот тим на ЕВРО 2020. „Гранде Пандев“ објави дека ја завршува репрезентативната кариера, но тоа нема да значи и негово збогување со фудбалот објави Курир.мк.

<

Нашиот ас имаше бројни извонредни настапи во дресот на Џенова, по што бројни „фаци“ во италијанскиот фудбал предводени од Антонио Конте апелираа до Пандев дека има да покаже уште многу на терените и дека не треба да се пензионира. Ваквите пораки очигледно допреле до Македонецот, кој до неодамна делуваше решено да се збогува од активното играње, но во меѓувреме го променил својот став.

Понудата од Џенова е отворена, тренерот Балардини не крие дека сака Пандев да остане уште една година, а се чека само на одговорот на македонскиот интернационалец. На крајот, тој за радост на приврзаниците на Џенова ќе биде позитивен, по што Пандев и во следната сезона ќе биде еден од главните адути на овој клуб, со можност потоа да остане како дел од управата на Џенова.

Прашањето околу репрезентативната кариера дефинитивно е затворено, иако не се исклучува можноста Пандев да биде повикан од новиот селектор Милевски за еден последен меч, за на домашен терен во Скопје да се збогува од дресот со националниот грб.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...