16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопје -Каменуван и вандализиран српски автобус кој превезувал руски туристи

Скопје -Каменуван и вандализиран српски автобус кој превезувал руски туристи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван и ограбен во Скопје, дознава Блиц.

<

Како што вели менаџерот за сообраќај на таа компанија за Блиц, руски граѓани патувале во земјите од регионот – Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. По пристигнувањето во Скопје, автобусот бил паркиран во центарот на градот, додека туристите и возачот заминале на ноќевање. Сепак, следниот ден, поточно утрово во 7 часот, се случил инцидент што ги вознемирил туристите и го загрозил патувањето.

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

Сè уште не е утврдена причината за ваквиот вандалски чин. Полицијата во Македонија работи на расветлување на случајот

Веднаш по пријавата, полицијата и екипата за форензика излегле на терен и извршиле увид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...