4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСлужбите во Тетово на Македонците им велат дека се под 20 отсто...

Службите во Тетово на Македонците им велат дека се под 20 отсто и затоа не можеле да добијат еднојазичен документ-мкд.мк

spot_img

Биљана од Тетово во својата општина не можела да извади документ само на македонски јазик и морала за тоа да оди до Скопје. Во Тетово ѝ издавале само двојазичен документ, на македонски и на албански јазик, а на нејзиното упорно барање да ѝ биде издаден документ само на македонски јазик, за што има право, добила одговор дека Македонците во Тетово се под 20 отсто и не може да има еднојазичен документ објавува мкд.мк.

Се работи за барање за уверение за слободна брачна состојба. Во Управата за матични книги во Тетово упорно одбивале на Биљана да ѝ издадат ваков документ само на македонски јазик. Таа во Тетово добила двојазичен документ, на македонски и на албански јазик. Во подрачното одделение жалбата ѝ бида одбиена, по што била приморана да замине во Скопје каде извадила таков документ само на македонски јазик, што како на Македонка законски ѝ следува.

„Во матичното во Тетово најпрво ми бараа дополнителни документи кои немаше потреба да ми ги побараат. Ми бараа докази дека сум платила и и-мејл коресподенцијата, кои ги доставив. Но проблемот е нешто друго. Го добив документот, но двојазичен без притоа да побарам таков“, објаснува тетовчанката Биљана.

Таа побарала документ само на македонски јазик.

„Службеникот ми рече дека не може да ми издаде еднојазичен. Според протоколот не можело. Ми пренесе дека шефот му рекол дека Македонците се под 20 отсто во Тетово и не може да има еднојазично уверение за слободна брачна состојба. Побарав да зборувам со шефот, а тој ми се закани дека ќе викнел полиција бидејќи јас присилно му барам на македонски јазик. Ми рекоа дека мора да биде така, и дека после шест месеци можам да аплицирам за нов документ. Во Тетово, ми рекоа, нема еднојазично уверение за слободна брачна состојба. На шефот му реков дека за ова ќе се обратам и до медеиумите за да се знае што им се прави на Македонците во Тетово. Не се загрижи многу“, вели Биљана.

Од Управата за водење на матични книги во Тетово велат дека се запознати со случајот и дека на барање на странката може да издадат документ само на македонски јазик.

„Овде се издава двојазично уверение за слободна брачна состојба. Во Тетово сите документи, дописи и други уверенија ги издаваме двојазично и до сега сме немале никаков проблем. Ако некој сака документ само на македонски јазик, треба да биде наведено во барањето зошто е потребен еднојазичниот документ и тогаш ние тоа ќе го направиме“, велат од Управата за водење на матични книги од Тетово.

Биљана за да добие еднојазичен документ морала повторно да плати во Скопје по што го добила и уверението само на македонски јазик. Таа вели дека во Македонија официјален јазик е македонскиот јазик и сосема небитна процентуалната застапеност на Македонците во една општина. Документите се издаваат на службениот македонски јазик, а на повеќе јазици се издава само по барање на граѓанин.

Извор мкд.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...