15.9 C
Ohrid
понеделник, октомври 18, 2021
Почетна Свет Убиени четири лица на плажа во Албанија, причина за вооружениот инцидент била...

Убиени четири лица на плажа во Албанија, причина за вооружениот инцидент била поставување на лежалки !!!

Translate (Eng):[gtranslate]

Во вооружен суди на плажа во Велипоја на северот на Албанија, се убиени четири лица, а четири ранети, јавуваат медиумите од Албанија.

Некои медиуми објавија дека причина за вооружениот инцидент била поставување на лежалки на плажата помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг.

Инцидентот се случил после полноќ, а жртвите се на возраст од 20 до 59 години.

РЕКЛАМА

Четирите ранети лица исто така се претпоставува дека учествувале во судирот. Овој инцидент предизвикал шок и неверување кај граѓаните пред туристичката сезона, и дека влијаат на имиџот на земјата.