21.1 C
Ohrid
среда, август 4, 2021
Почетна Македонија Заев: Сите градоначалници во Северна Македонија се мои другарчиња, но анкетите ќе...

Заев: Сите градоначалници во Северна Македонија се мои другарчиња, но анкетите ќе покажат кој ќе биде кандидат

Translate (Eng):[gtranslate]

Не е исклучено СДСМ да објави неколку кандидати за градоначалници во текот на јули, но генерално тоа ќе биде направено во август, изјави денеска премиерот и лидер на партијата Зоран Заев.

– Значи, генерално крајот на август, но не исклучувам можност и во текот на јули да објавиме неколку кандидати каде што веќе анализите ќе бидат завршени – рече Заев на настан во скопско Волково, Општина Ѓорче Петров.

Според него, најважно во целиот овој период е партијата да направи вистинска селекција на кандидатите затоа што тоа се избори на личности.

РЕКЛАМА

Врз основа на Правилник и роковник на СДСМ, одлуките треба да се доносесат на крајот на август, затоа што во првата половина на септември се доставуваат до ДИК.

– Но, ако донесеме и претходно одлуки коишто ќе значат завршени истражувања, завршени анализи, нема што да чекаме и ќе ги објавиме да знаат граѓаните и да имаат доволно време да направат внимателна анализа, за какви личности се работи, нивните предности и слабости и преку тоа да оформат свој став за нивното одлучување – рече Заев.

Премиерот не потврди дека актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров Александар Наумовски, повторно ќе биде кандидат за оваа општина, нагласувајќи дека мора и тој да мине низ анализа и истражувања.

– Сите градоначалници се мои другари, но анкетите ќе покажат кој ќе биде кандидат. Ние сме социјалдемократи и солидарноста и другарството е важно, но прв приоритет на сите ни е победата. Зошто? Затоа што така победуваат граѓаните. Мораме да направиме анализи и истражувања. Нашите градоначалници се наши фаворити. Секаде го кажувам тоа. Зошто? Заради тоа што сами реализираа многу проекти во период кога имавме покрај локалните избори референдум, претседателски избори, парламентарни избори, пандемијата се случи, сето ова што е сменет лик на општините и на државата е главната причина да даваме поддршка. Но, тоа сме само ние дел од општествениот амбиент. Очекуваме низ анкети граѓаните пред се да ни кажат навистина што тие преферираат и тоа ќе ни биде водилка, а сите можеме да бидеме корисни во форма на кандидати, но и секако извршувајќи и други општествени функции, па дури и враќање во приватните институции – рече Заев.

Наумовски, пак, рече дека анкетата е математичка операција.

– Ако се сеќавате јас и 2013 бев кандидат во тоа едно време – невреме, каде што знаете и каков беше резултатот, беа очигледни неправилностите. 2017 беше тоа фер направено од страна на партијата со анализи, со сондажи, преку анализа не само на членството, туку и на граѓаните во Општината и дај боже да има и повеќе кандидати, сите да се споиме и да го поразиме повторно ВМРО-ДПМНЕ, а во тоа сум сигурен – рече актуелниот градонаќалник на Ѓорче Петров.

Запрашан да ги коментира трвдењата на опозоцијата дека се набавени две машини за перење по нереална цена, Наумовски рече дека тоа е лажна вест, повикувајќи се на соопштение на градинката.

– Очигледно е дека во немоќ на информации, во немоќ на проекти реагираат така. Сакаат генерално да ни го срушат рејтингот во Ѓорче Петров со такви вести. Јас ќе се повикам на соопштението на градинката, каде што градинката е самостојна во делот на набавките, а инаку за ваше потсетување 90 проценти од раководството на ВМРО-ДПМНЕ беа министри, премиери од Ѓорче Петров, а не оставија камен на камен, така што очигледно е дека им смета работата и развојот на Ѓорче Петров – рече Наумовски.

- Реклами -