8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаБранко се јави, навистина се јави: Она што Бугарија не успеа да...

Бранко се јави, навистина се јави: Она што Бугарија не успеа да го постигне со оружје, денес сака да го направи со ветo

spot_imgspot_img

На форумот за Западен Балкан, учествувал и поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, кој констатирал дека С Македонија е млада земја и оти „немало македонски јазик пред да го создаде Тито“
Она што Бугарија не успеа да го постигне во Втората светска војна со оружје и воени средства, денес сака да го постигне користејќи го нејзиното членство во ЕУ и правото на вето за носење одлуки. Мене ми е потполно јасен ставот на Бугарија, но она што ме интересира е како на ова гледаат другите членки на ЕУ, вели поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски, говорејќи на форум за Западен Балкан во Сараево, пренесува Канал 5 .

На форумот учествувал и поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, кој констатирал дека С Македонија е млада земја и можеме да го викаме јазикот како сакаме, но оти „немало македонски јазик пред да го создаде Тито“.

На ова, пак, Црвенковски одговара:

„Јас мојата реакција на изјавата на претседателот Плевнелиев ќе ја почнам на македонски јазик. И тоа не е случајно. Тоа е мојот мајчин јазик, тоа е јазикот на кој говорел мојот татко, мојот дедо, и дедото на мојот дедо. Значи неколку генерации пред мене кои биле и родени и живееле уште пред да се родат и Јосип Броз Тито и Сталин“.

Понатаму тој продолжува на јазикот на домаќинот:

„Јас барем не знам никој што успеал во историјата на вештачки начин да креира нова нација. Имало обиди, но успешни обиди нема“.

Информации од форумот во Сараево пренесува и босанскиот портал klix.ba, кој јавува дека Црвенковски констатирал дека Македонија веќе 12 години не може да направи чекор напред кон членството во ЕУ, а барањата на Грција, Франција и Бугарија, немаат врска со критериумите кои ги пропиша Европската комисија како неопходни за почеток на преговорите.

Тој потсетил дека земјава дури го променила и името, но процесот на интеграција на Западниот Балкан во ЕУ е забавен, ако не и застанат. Затоа, се прашал Црвенковски, кои се намерите на европските земји со тоа што се блокира пристапот за нови членки.

„Што ако бидеме принудени, не по своја волја, да бараме алтернатива. Да не бидам погрешно разбран, под алтернатива не мислам ниту на Исток ниту на Далечен Исток“,

рекол Црвенковски, објаснувајќи дека земјите од регионот треба да се европеизираат искористувајќи ги сопствените капацитети.
По долга пауза од политичкиот живот, Црвенковски, кон крајот на минатата година, се огласи во јавноста, спорејќи со ставовите во врска со спорот со Бугарија што ги изнесе во интервју за БГНЕС неговиот наследник во СДСМ – премиерот Зоран Заев. Потоа, Црвенковски повторно се повлече од отворена сцена, така што ова е негово прво појавување во јавноста по повеќе од половина година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...