16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаВистинско пријателство: Кирчо од Кочани и подарил дел од својот црн дроб...

Вистинско пријателство: Кирчо од Кочани и подарил дел од својот црн дроб на неговата пријателка Ленче.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кога пријателството е вистинско тоа може само да се зацврсти и стане неразделно. Кирчо од Кочани е човекот кој на својата пријателка и дарува дел од својот црн дроб, за денеска и двајцата да имаат добар живот. Откако ја следел подолго време состојбата на Ленче, тој одлучил да и помогне. Испитувањата направени во Скопје покажале дека органите се совпаѓаат па така тие отишле на операција во Турција.

<

„Не испратија на операција, а овој зафат за црн дроб, мислам дел од црниот дроб да се даде на друг е многу тежок зафат така да операцијата траеше шест до 12 часа и кога се направи операцијата останавме 22 дена под надзор во турската болница„ – кажа Стојов.

Година дена по враќањето во Македонија, Кирчо и Ленче добиваат покана од градоначалникот на Општина Кочани, да се запознаат. Од тогаш почнуваат да се редат и други покани и настани за да господиниот Кирчо биде прогласен за еден од нај хуманите луѓе во државата. Добива плакети, благодарници и трофеи од разни организации, но и од Министерот за здравство, Венко Филипче.

Кај Кирчо идејата да дарува дел од орган и да помогне на личност со која не се во сродство му се појавува благодарение на апелите и повиците од социјалните мрежи. Следејќи го неговиот пример тој ги повикува граѓаните доколку се во можност да помогнат на некога кому навистина му е потребно тоа.

Чувството кога на некого ќе му помогнеш и ќе му подариш можност за живот е прекрасно, истакна Стојов.

Лаура Стојанова М-Нет

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...