33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаШтипското чудо од дете на кого министерката одби да му даде награда...

Штипското чудо од дете на кого министерката одби да му даде награда и донесе злато на Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дамјан Давков, талентираниот осмоодделенец од Штип, познат по прекарот Штипскиот Питагора освоил злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада –ЈБМО, чиј домаќин е Молдавија.Екипата се натпреварувала виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

<

Учеството на оваа олимпијада го организирал Сојузот на Математичари на Македонија.

Младиот математичар се најде во центарот на јавноста и на почетокот на годинава, кога беше одбиен од државата да добие парична награда за освоено прво место на државен натпревар по математика, зашто бил ученик во основно, а истата им следувала на ученици во средно образование.

Тогаш на социјалните мрежи се споделуваше документот од Министерството за образование и наука, потпишан од министерката Мила Царовска, во кој пишуваше дека ученикот е одбиен затоа што бил редовен ученик во основно образование, а одржаните натпревари на кои победувал биле наменети за средношколци.

Државата одби да го награди Дамјан Давков

Документот во кој пишува дека Дамјан и неговиот ментор Кокан Радев се одбиени за награда го објавила мајката на детето, Никица Давкова.

– Еве како во Македонија се ценат талентираните ученици. Очигледно во законот нема предвидено вакво нешто. Да учествуваше за основно образование, ќе добиеше. Вака не- напиша тогаш мајката на Дамјан.

Извор факултети.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...