30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаГруби: Јас сакам да возам сега а не кога ќе имам 80...

Груби: Јас сакам да возам сега а не кога ќе имам 80 години, затоа ќе ги направиме сите автопати за најбрзо време.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

До крајот на месецот треба да почнат преговорите со Бехтел и Енка за изградба на автопати, за прв пат по принцип „клуч на рака“.. За законското решение поддршка даде и ВМРО-ДПМНЕ, но против е Левица, која се сомнева дека е можна корупција.

<

Веднаш штом законот стапи на сила, ќе почнат преговорите со Бехтел и Енка за изградба на трите автопатски делници на коридорите 8 и 10, најавува вицепремиерот Артан Груби кој е и потписник на Меморандумот со американско-турската градежна компанија…

Кога ќе почне да се гради и колку би ја чинело државата, детали се уште нема. Груби за Канал 5 вели дека тоа допрва ќе се договара, но идејата со ваквото законско решение е во земјава да се изградат квалитетни автопати во брзи рокови.

„Очекуваме некаде средината на јули да е конечно усвоен во Собрание, со што Владата ќе направи експертска група и меѓунардона куќа за преговори со конзорциумот Бехтел Енка./ Оваа влада сака да изгради патишта на кои ќе возиме сите заедно, а не да чекаме кога ќе ни истече возачка па тогаш. / Сакам да возам сега, а не кога ќе имам 80 години, тоа е идејата.“ изјави за Канал 5 Артан Груби, прв вицепремиер

законот вчера доби амин и од власта и од опозицијата, но против денеска се огласија од Левица.. обвинуваат дека станува збор за скандалозен проект, што според нив го покажува делот каде е предвидено дека домашното законодавство делумно или целосно нема да важи за фирмата. Груби ги отфрла обвинувањата и уверува дека целиот проект ќе биде транспарентен.

„Би ги замолил дотичните да не ги преземаат улогите на Уставен суд, и Врховен суд и на пратеник и на министер коментирајќи се живо што се случува во државата. Најтранспаретно се носи закон ќе има дебата и на пленарна./ Не се работи за корумптивен проект, напротив сакаме да реализираме квалитетно и брзо а не да чекаме минимум 8 години како што чекаме за Кичево-Охрид. “ изјави за Канал 5 Артан Груби, прв вицепремиер

Она што е познато, според предлог законот е дека на градежната компанија ќе и се дадат низа овластувања, таа ќе менаџира но и ќе ги гради Коридорите. Ангажирани ќе бидат и домашни и странски фирми и работници, кои може да се ангажираат во просек до 60 часа недело во текот на годината, за што остро реагираа синдикатите и бараат овој член да биде избришан.

Kanal5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...