23.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаСветИ покрај што телото е наша сопственост, ТикТок девојки од Египет осудени...

И покрај што телото е наша сопственост, ТикТок девојки од Египет осудени на 10 години затвор, бидејќи играле провокативно.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Додека од едната страна на светот гледаме како жени создаваат вистински промени, од друга ќе не’ соочат со случувања како од насловот.

<

Веста доаѓа од Египет. Две девојки се снимале како играат за ТикТок мрежата, нималку провокативни ако судиме во контекст на тоа што се’ може да се види на социјалните мрежи. Сепак, овој танц ќе го платат и со пари и со слобода.

Имено, кривичниот суд во Каиро неодамна одлучи девојките Ханен Хосам и Мавада Ал-Aдам да ги казни со затворска и парична казна. Ханен е осудена на 10 години затвор, и казна од 200.000 египетски фунти, односно преку 10.000 евра. Другата девојка и уште тројца се осудени на шест години затвори и парична казна во истата вредност.

Сите петмина се теретат за трговија со луѓе, бидејќи како пренесуваат египетските медиуми, профилите на социјалните мрежи биле создадени за да ги охрабрат младите жени да се приклучат на платформите за споделување видеа со несоодветна содржина, односно ги сметаат за подведувачи.

Ханен и Мавада се уапсени минатата година и биле во притвор до јули минатата година, откако Економскиот суд во Каиро ги прогласил за виновни за прекршување на египетските семејни вредности и поттикнување разврат.

Сепак, обете казни за разврат биле укинати на почетокот на оваа година и Хосам беше ослободена во февруари, за потоа да се поведе постапката за трговија со луѓе, додека Ал-Адам како пренесува сајтот „Egyptian Streets“ сепак останала во притвор”.

Инаку, откако беа обвинети за поттикнување разврат и трговија со луѓе, нивните апсења предизвикаа бурни реакции од групите за човекови права и феминистичките активисти, кои ги обвинија египетските власти дека со своите постапки таргетираат жени од сиромашни семејства казнувајќи со нејасни законски прописи како што е “кршење на семејни вредности“.

Инаку, Египет во 2018 година го активираше законот за „сајбер криминал“, во кој се вели дека ќе се казнуваат однесувања и дејности кои ги прекршуваат семејните вредности, без да конкретизираат параметри за тоа што спаѓа во такво кривично дело.

Активистите трвдат дека токму тие нејасни законски прописи доведуваат до неправеден третман на жените, со што и нивните тела се во „сопстеност“ односно под надзор на власитите.

Извор:/fashionel.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...