22.5 C
Ohrid
петок, јули 30, 2021
Почетна Македонија Со цел да докаже дека вакцините се безбедни и за деца, Филипче...

Со цел да докаже дека вакцините се безбедни и за деца, Филипче ќе го вакцинира неговиот малолетен син.

Translate (Eng):[gtranslate]

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска во Охрид потврди дека ќе го вакцинира своето дете за да даде пример дека вакцините против коронавирус се безбедни за децата.

Вчера здравствените власти најавија дека од понеделник и децата oд 12 до 16 години ќе може да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер“.

„Има некои земји кои го воведуваат тоа вакцинирање како задолжително, односно нема да ги примаат децата во училиштата ако не се вакцинирани. Тоа е некаде политика во западноевропски земји. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината и ќе се користи вакцината на ‘Фајзер’. Така да, директно ви одговарам, јас тоа ќе го направам“, рече министерот чиј син има над 12 години.

РЕКЛАМА

Засега здравствените власти немаат донесено одлука за воведување на дополнителни мерки на границите.

Комисијата за спречување на заразни болести ќе заседава утре и ќе одлучи дали ќе се воведат некакви ограничувања на границите.

- Реклами -