30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаБучковски: ВМРО-ДПМНЕ направи сериозна штета и во Македонија и во Бугарија

Бучковски: ВМРО-ДПМНЕ направи сериозна штета и во Македонија и во Бугарија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Идејата беше да покажеме дека сме сериозни да го имплементираме Договорот за пријателство со Бугарија. Убедени сме дека брзо ќе дојдеме до фаза на реализација. Требаше да покажеме дека Македонија нема никакви скриени намери кон Бугарија. По резултатите во април што ги имаа се доведовме во позиција да немаме соговорник од другата страна, вели Владо Бучковски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24

<

-Сепак мислам дека овој вакуум беше продуктивно искористен. Паднаа во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ кои се во континуитет, ескалацијата беше во ноември – декември. Се покажа дека реално ВМРО-ДПМНЕ не покажа трошка разбирање на заштита на националните и државни интереси. Направи сериозна штета и во Македонија и во Бугарија, дел од бугарските политичари постојано на секоја средба што сум ја имал споменуваа дека барањето на дополнителни гаранции е поради заканите од опозицијата, вели Бучковски.

Во однос на Резолуцијата на опозицијата тој смета дека текстот треба да биде усогласен со сите политички партии.

-Можам да ја поздравам намерта на ВМРО-ДПМНЕ дека има заеднички став со сите политички партии пред се со партиите од владејачката коалиција, но од друга страна кај мене оства резерва за искрените намери и содржаната бидејќи тие тврдат дека за него стојат МАНУ УКИМ и МПЦ, а треба да биде искреиран заедно со сите политички пратии, вели Бучковски.

Извор: Локално

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...