22 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаНаместо да ја поправат грешката и да се извинат, тие му изготвиле...

Наместо да ја поправат грешката и да се извинат, тие му изготвиле решение за прераспределба во друга поликлиника.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Доктор Мирослав Гроздановски, невролог во поликлиниката Букурешт, во редакцијата на „Слободен печат“ изјави дека откако минатата недела ја фотографирал таблата каде што одделението за „дерматовенерологија“ беше погрешно испишано, а потоа закачено во оваа здравствена установа, добил решение за прераспределба во друга поликлиника. Според него, самото тоа што ја фотографирал таблата, претставувало основ поради кој директорот на здравствен дом Скопје, доктор Виктор Исијановски го префрлил во друга институција.

<

Директорот Исијановски, пак, за „Слободен печат“ изјави дека во другата поликлиника имало потреба од професионалец како неговиот колега, па затоа ја извршил прераспределбата.

-Имаме колешка помлада од мене 25 години, а јас сум на четири години до пензија. По правилата на нештата, обично секогаш се праќаат помлади колеги во друга клиника. Му кажав на директорот дека во Букурешт направив врвен европски кабинет и еве гледате, од суета нечија, што се случува. И тоа јас не ја објавив фотографијата туку професорот Никола Пановски. Ама не можеш по магарето, па удри по самарот. Мобинг ми прави, не ми ја дава честа, ни правдината, кога има помлада колешка да оди таа, а не јас. Јас ја фотографирав таблата и тоа е причината за мојата распределба, дефинитивно. Тоа е јавна табла, патоказ за луѓето. Не сум фотографирал нешто тајно. Одлуката за прераспределбата моја, дојде отпосле откако ја фотографирав. Четвртокот се случи, си коментирав со колегите приватно. Не објавив ништо, објави Никола Пановски. Попладнето ја заменија таблата, а утредента околу 13 часот кога дојдов на работа курир ми достави решение за прераспределба од петти дека сум распределен во Бит Пазар. Значи месецот почнал. Нормално дека не го потпишав решението. Му пишав допис на директорот Исијановски и денеска разговарав со него и ми кажа дека експерт како мене му треба на Бит Пазар и дека одлуката е конечна. Му реков дека ќе дадам отказ, зашто сум на четири години пред пензија, но тој рече дека одлуката му е конечна. Не сака да ја отповика одлуката и негира дека ме распределува поради тоа што ја фотографирав таблата, изјави за „Слободен печат“ доктор Гроздановски.

Исијановски вели дека нема факти и не знае кој му ја пратил фотографијата на Пановски која што подоцна стана вирална.

Д-р Пановски минатата недела објави фотографија од оваа табла, критикувајќи го погрешно напишаното име и непрофесионалноста.

„Се извинувам, дали некој знае која гранка не медицината е ова?

Ми личи на Дерматовенерологија, ама да си прашам. Сепак луѓето ја порачале, можеби ја платиле, ја закачиле (веројатно ја прочитале пред да ја закачат), па јас да не не знам за оваа супсупспецијалност!!!“ напиша Пановски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...