15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаВозачот кој ја прегази Верица Белчовска доби 15 месеци затвор

Возачот кој ја прегази Верица Белчовска доби 15 месеци затвор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основниот суд во Струмица денеска го осуди И.Ч. (18), од Струмица кој ја прегази 20-годишната Верица Белчовска од беровско Русиново, на казна затвор во траење од 15 месеци. Семејството Белчовски во моменти на тага, направи голем хуман гест, ги донираше органите на Верица, со што беа спасени неколку животи.

<

Сообраќајната несреќа се случи на 7 април годинава на булеварот „Ленинова” во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан” удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Според судијката Цона Каламерникова, обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело, а казната на момчето му е изречена за сторени кривични тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасијатри животи и ја подобрија здравствената состојба на уште неколку лица.

За хуманоста семејството Белчовски доби стан на користење од Владата, а мајката на Верица се вработи во канцеларијата за средби со граѓани на премиерот Зоран Заев во Струмица

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...