27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЧетворица пациенти сомнителни на ИНДИСКИОТ сој се хоспитализирани во Скопје, еден е...

Четворица пациенти сомнителни на ИНДИСКИОТ сој се хоспитализирани во Скопје, еден е на респиратор.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Четворица пациенти се хоспитализирани во Скопје, еден е во потешка клиничка слика и е на респиратор. За сите се чекаат резултатите за да се види дали имаат индиски сој од коронавирусот, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој потврди дека кај еден пациент од Велес вчера било потврдено присуството на оваа делта варијанта. Министерот денеска ја посети Клиниката за неврохирургија каде ќе се изврши иновативна хируршка метода „вградување стимулатор на нервот вагус”.

<

„Сите четворица се лекуваат овде во Скопје, а еден од нив е со потешка клиничка слика и е на респиратор, другите се со стабилна состојба. Скринингот кој се прави на тестовите се прави на сите тестови и ја исклучува британската варијанта, доколку покаже дека не е таа, се прави секвенционирање за да се покаже присуството на Делта варијантата, а тоа сега се прави кај овие четири пациенти и до вечер ќе ги имаме резултатите“ рече Филипче.

Ако кај нив биде потврдена во Макеоднија ќе има осум случаи на овој вид на вирусот кои не се поврзани меѓу себе.

Овие пациенти не биле вакцинирани, а засега не е познато дали патувале во странство

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...