7.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаНИМИЦ: Грците имаа проблем со името на јазикот, Бугарите имаат проблем со...

НИМИЦ: Грците имаа проблем со името на јазикот, Бугарите имаат проблем со потеклото на јазикот

spot_img

Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена во Обединетите Нации, вели поранешниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц.

Нимиц во интервју за Канал 5, прашан за односите Софија-Скопје, и за тоа дека идентитетот и јазикот не беа дел од Преспанскиот договор (каква лага, н.з.), но на маса е ставен од Бугарија, појаснува дека за грчката страна проблемот не бил идентитетот, туку името на јазикот, а во овој случај станува збор за поинаков спор.

-Овие прашања се уникатни, имало ситуации кои биле слични, но и не така слични. Знаете Преспанскиот договор се осврнува на јазикот, не го користи зборот идентитет бидејќи тоа не е правен збор. Македонскиот јазик е прифатен одамна и ширум светот луѓето знаат дека македонски јазик постои. Спорот со Грција не беше воопшто за јазикот туку за името на јазикот. Со други зборови, грчката страна немаше проблем што имате убав јазик, посебен јазик. Но нивниот проблем беше дека ако се вика македонски јазик дека би можело да даде впечаток дека има поврзаност со античките Македонци. Спорот со Бугарија е поинаков, во однос на потеклото на јазиците. Јас не сум експерт за тоа, тоа не беше прашање во Договорот од Преспа, но е прашање за кое тие сакаат да разговараат, така што тоа е предмет на дискусија, вели Нимиц.

Запрашан може ли да се разговара за нечиј идентитет, што е внатрешно чувство на припадност, Нимиц дециден дека идентитетот не може да биде предмет на преговори.

-Не, не можете. Меѓу Грција и … Македонија имаше внатрешни чувства, и сеуште има. Луѓето во … Македонија се емотивни за тоа и луѓето во грчкиот регион Македонија се се уште емотивни. Не се водите од емоции, но, можете да постигнете договор за тоа како разговарате за тоа, како го артикулирате тоа, со почит кон различните мислења за сензитивни историски или емотивни прашања, вели американскиот дипломат.

Амбасадорот Нимиц смета дека не е потребна медијација за надминување на недоразбирањата меѓу Скопје и Софија туку двете страни треба самите да го решат прашањето, како и за тоа дали им е потребна медијација.

-Една медијација во животот е доволна. Исто така, медијација или решение со Бугарија не би требало да трае 20 години, не би требало да трае ниту 20 месеци, според мене. Но двете држави треба тоа сами да го решат. Дали им е потребен медијатор или не, треба да одлучат самите, а не некој од надвор за нив, вели поранешниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц.

 

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...