29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДавкова - Предлагам наместо северна да стои Македонска Фудбалска репрезентација - преспанскиот...

Давкова – Предлагам наместо северна да стои Македонска Фудбалска репрезентација – преспанскиот не ја забранува придавката македонска

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Акронимот „ФФМ“, ако се преименува Фудбалската федерација на Македонија, да стане „МФФ“, предлага професорката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ – Гордана Силјановска Давкова.

<

Тоа е остварливо затоа што, вели Силјановска, Преспанскиот договор не ја забранува придавката „македонска“. Ако има „МКД“, може да има и „МФФ“, односно „Македонска фудбалска федерација“, како и „македонска фудбалска репрезентација“, додава таа.

Иако премиерот Зоран Заев, кој ѝ се извинуваше на Грција што фудбалската репрезентација ја нарекол „македонска“, јасно истакна дека според него точно е она што го бара нашиот јужен сосед – дека репрезентацијата е на Северна Македонија, Силјановска смета дека е апсурдно кратенката на ФФМ да се поврзува со државата само поради некоја исплата од Агенцијата за млади и спорт.

„Поврзувањето на кратенката со државата заради некоја исплата од Агенцијата, е пофалба на глупоста и лудоста, оти спортот не е државен, туку народен и граѓански феномен, Ама, ова не важи во земја БУДАЛИЈА, како ‘нашава’.

Наместо спортот и фудбалот да им припаѓаат на фудбалерите и навивачите, во него се вгнездиле – политичарите! Што бара министерот за надворешни работи кај првиот човек на фудбалот? Можеби го третира како амбасадор на фудбалот!?! Ама, ЧИЈ?“, пишува Силјановска на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...