18 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаЈапонците нѐ дочекаа на Олимпијадата со зборовите „Напред Македонија“ (ВИДЕО)

Јапонците нѐ дочекаа на Олимпијадата со зборовите „Напред Македонија“ (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Домаќински и срдечно се пречекани нашите олимпијци во Чигасаки.

<

Јапонците и посветија внимание на македонската олимписка делегација, а во Чигасаки, град кој ќе биде домаќин на нашите спортисти на Летните олимписки игри македонските олимпијци беа пречекани на највиско ниво, пишува спортманија.мк.

Домаќините објавија и видео на кое градоначалникот Хикару Сато, неговиот заменик Коџи Киши и обични луѓе со паролата „Македонија напред“ им посакаа успех на нашите спортисти.

Олимпијадата ќе се одржи во Токио од 23. јули до 8.август, а Македонија ќе ја претставуваат 8 спортисти.

Магомедгаџи Нуров во борење слободен стил 97 килограми е кандидат и за медал, а покрај него во македонската експедиција се и Миа Блажевска-Еминова во пливање 100 метри, Борјан Бранковски во спортско стрелаштво 10 метри воздушен пиштол, Дејан Георгиевски во таеквондо +80 килограми, Филип Деркоски во пливање 400 метри, Пулексенија Јованоска во карате Ката, Арбреша Реџепи во џудо – 52 килограми и Јован Стојоски во атлетика 400 метри.

sportmanija.mk

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...