26.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаВо МВР се позирало и со апарат за Нес кафе, не само...

Во МВР се позирало и со апарат за Нес кафе, не само со фрижидер!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Објавата на Македонски полициски синдикат, во која се пофалија дека Совет Велес набавил средства со кои купил и му предал на користење еден фрижидер на претседателот на ОО Кавадарци, Горан Ѓелов, со цел создавање на побезбедна работна средина и безбедни и здрави услови при работа за своите членови, наиде на урнебесни реакции кај јавноста.
Фотографиите на кои десетици вработени во полицијата позираат покрај фрижидерот, масовно се споделуваат на социјалните мрежи, а чести се коментарите дали истите се веродостојни, и како може да се прави свечен чин со групно позирање поради набавка на еден фрижидер.

<

Но, ако се разгледа официјалната страница на Македонски полициски синдикат, ќе се забележи дека ова не е прв пат да се позира, и тоа покрај електрично ѓезве за кафе, апарат за нес кафе, апарат за капучино, греалка, телевизор… Под секоја од фотографиите е појаснето дека Македонски полициски синдикат ги подобрува условите за работа ширум републиката.

Фрижидер исто така добиле и вработените во ОВР Демир Хисар, лани во ноември, и тогаш речиси двојно повеќе луѓе позирале покрај него.

Околу тоа како гледа јавноста на овие објави, доволно е да се прочитаат коментарите, критиките, но и шегите кои се оставаат на социјалните мрежи.
Актуелно е прашањето- Зарем со фрижидер или ѓезве треба да се прави промоција на една институција како што е синдикатот?

Околу тоа како реагира на низата критики на сметка на објавата со фрижидерот, се обидовме да стапиме во контакт со претседателот на Совет на МПС Велес, Трајче Цветков, кој заедно со потпретседателот на МПС Зоран Крстев, му го предадоа фрижидерот на претседателот на ОО Кавадарци, Ѓелов. Добивме одговор дека тој ќе биде достапен за разговор во тек на утрешниот ден, бидејќи бил на викенд со сопругата.

Дали и во иднина ќе продолжи традицијата да се позира покрај обезбедените електрични бокали, греалки и фрижидери, по острите јавни критики, или пак надлежните ќе започнат да се водат според мотото – Давај, ама не се фотографирај, ќе покаже времето, односно наредната акција на Македонски полициски синдикат, кога повторно ќе обезбедат производи од бела техника за потребите на нивните членови.

Вики Клинчарова ФОКУС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...