11.3 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се противеше на зголемувањата на платите.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се противеше на зголемувањата на платите.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противеа на зголемувањата на плати и пензии, на проектот Мој ДДВ, а денеска лажат дека ќе враќале пари кај граѓаните

<

ВМРО-ДПМНЕ е партија која знае само да граба од граѓаните, да ги краде парите и да ги троши на непродуктивни и криминални проекти.

Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски која денеска лаже дека ќе враќа пари кај граѓани, се противеше на секоја мерка што обезбедува повеќе пари во семејствата.

ВМРО-ДПМНЕ се противеше на зголемување на минималната плата која денеска е за над 6.000 денари повисока, се противеше на зголемувањето на пензиите кои во просек се зголемени за 2.000 денари за овие четири години.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа против воведување на евтина дневна тарифа на струјата која токму тие ја укинаа, беа против проектот Мој ДДВ со кој за две години се вратија 36 милиони евра кај 400.000 граѓани.

Ако Мицкоски навистина е за враќање пари, воопшто нека не чека, нека почне во сопствената партија, преку враќање на парите што Груевски ги земал од членарините за да купува плацови на Водно.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ги врати милионите за кои се обвинети функционери на партијата и за кои дел веќе има пресуди. Мицкоски веднаш со Груевски да ги врати од Белизе парите кај граѓаните.

Граѓаните гледаат и прават разлика кој враќа пари назад а кој грабаше и крадеше од нив за сопствено богатење.

Таа разлика граѓаните ќе ја потврдат на претстојните избори кога ќе одберат да продолжи развојот и напредокот со СДСМ и уште еднаш ќе ги поразат криминалните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, се наведува во соопштението.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На саемот во Нови Сад за 770.000 евра продаден комбајн за берење компири !!

Ова е најскапата машина на Новосадскиот саем – комбајн за берење компири во вредност од 770.000 евра +ДДВ. Уникатен комбајн за компир, кој има можност...

Имаат тешки изгореници по грбот: Објавени нови фотографии од изгорениците на младите од Пулс!

Објавени се нови фотографии од повредите на младите кои беа дел од трагичниот настан во клубот Пулс, каде што неколкумина преживеаја со тешки изгореници...

Исто како во филмовите: Затворениците во Македонија да имаат алка на една од нозете !!

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки односно можноста во Македонија да имаме затвореници во...

Искршени сликите на плоштадот во Штип на петмината починати од трагедијата во Кочани

Искршени фотографиите на петмината починати штипјани од трагедијата во Кочани. Сликите кои беа поставени на плоштадот „Слобода“ во Штип, утринава беа пронајдени искршени. Mnet.mk