27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаМажи од Струмица уценувани за голи фотографии и видеа.

Мажи од Струмица уценувани за голи фотографии и видеа.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Струмичани праќале експлицитни фотографии и видеа на лажни профили на Фејсбук, по што биле уценувани да праќаат пари на сметки на Брегот на слонова коска, информираат од СВР Струмица. Во официјалното соопштение до јавноста, се вели дека лажните профили биле на девојки од Македонија на возраст од 25 до 30 години.

<

-Еевидентирани се пријави на кривични дела „Уцена“ или „Злоупотреба на лични податоци“ сторени преку креирање на лажни профили на социјалната мрежа Фејсбук, лажно претставувајќи се како девојки од Р.С.Македонија на возраст од 25 до 30 години. Имено, лицата преку овие лажни профили, во разговор со оштетените лица барале од нив да воспостават видео комуникација, а потоа без нивно знаење и согласност изготвувале фото и видео материјал со експлицитна содржина од комуникацијата со оштетениот, кој во понатамошна постапка им служел за уцена, стои во соопштението од СВР Струмица.

Уцената ја вршеле на начин што од страна на лажните профили се барала уплата на пари со цел предметните фотографии и видео содржини да не завршат кај фамилијата на оштетените или нивните најблиски.
Отсекот за компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Струмица постапува по сите поднесени пријави. Сметките на кои требало да се уплатат паричните средства стекнати со уцената најчесто се од Брегот на Слоновата Коска. Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе достави барање до социјалната мрежа Facebook да ги утврди IP адресите од кои се регистрирани лажните профили, а побарана е и меѓународна правна помош.
Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до граѓаните да не наседнуваат на уцени од ваков тип и да не споделуваат нивни фотографии или видео содржини со трети лица, со цел спречување на понатамошна злоупотреба на истите.

kanalvis

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...