25.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Пополекичка, кротко, ќе биде. Зошто? Затоа што се работи за коалициони...

Заев: Пополекичка, кротко, ќе биде. Зошто? Затоа што се работи за коалициони партнери…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На новинарско прашање дали на денешната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети значи дека се постигнал договор околу Тетово или сепак СДСМ ќе излезе со свој кандидат за овој град, Заев рече:

<

-Пополекичка, кротко, ќе биде. Зошто? Затоа што се работи за коалициони партнери, со кои имаме голема доверба. Секако, во некои работи сме различни, тоа јавноста го знае, но секогаш сме се обидувале да изнајдеме решение, затоа што довербата и одговорноста е голема, да го водиме мнозинството во парламентот, а со тоа и извршната власт.

Ваквите предизвици изискуваат време. Прво да видиме кои се кандидатите, номинирани од сите партии. Затоа реков за да побарате поддршка од помалите партии, треба да понудите и квалитетно решение, од она што имате на располагање, затоа што повикувајќи ги нашите членови и поддржувачи мора да имате аргументации за самите кандидати. Тоа се однесува за целата земја, не само за Тетово. Верувам дека низ ликовите за кандидати ќе ги изнајдеме решенијата. Направив средба со Тачи, со Биљал, денес имам средба со Ахмети и уште еднаш ќе потврдиме дека желбата за заеднички настап е присутна, а деталите и јас и тој денес не можеме да ги кажеме денес, постапките траат. Верувам дека на крајот ќе постигнеме заеднички настап затоа што ни е обврска на сите, а истовемено се надевам сите заедно ќе ја неговаме филозофијата за едно опшество за сите. Значи ќе бидат проткаени мултиетнички листи, со мултиетничка карактеристика на кандидатите, рече тој.

На новинарско прашање околу тоа дали владејачката партија размислува да кандидира Албанец за градоначалник на Тетово, премиерот Заев потврди дека тројца од петмината кои трчаат за кандидатурата на СДСМ веќе се Албанци.
– Во едни такви околности, јас лично би бил среќен ако имаме кандидат Албанец кој би бил фаворит, истакна Заев, додавајќи дека само тогаш може да се инсистира да се оди со сопствениот кандидат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена од Тетово нападната од мечка !!

Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската...

Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт- Се разговараше за туризмот и политичката состојба во Р.М.

Градоначалникот Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард. На средбата се разговараше...

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...