18.8 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Можам да кажам Aферим за справувањето со дивоградбите во Охрид

Заев: Можам да кажам Aферим за справувањето со дивоградбите во Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев денеска ја пофали локалната власт во Охрид за справувањето со проблемот со дивоградбите.

<

Заев рече дека уривањето на дивоградбите во Охридскиот регион мора да се спроведува согласно законите и со запазување на предвидените постапки, посочувајќи дека процесот на отстранување на илегално изградените објекти на крајбрежјето на езерото ќе продолжи.

Како претседател на Владата, можам да кажам само аферим за тоа што е досега направено.Не е лесно, некаде имате фалирање на судови како второстепени истанци затоа што се прават потези, не знам за исклучување на струјата, надвор од законот или било што и ќе ја врати постапката. Затоа мораме сите институции согласно своите надлежности да бидеме фокусирани. Локалната власт овде во Охрид си ја врши својата работа, централната власт си ја врши својата работа, а може судската да промаши во одредени делови. Но, бев на увид како се прочистени плажите и навистина кога го гледате тоа како слика, тогаш гледате како се враќа природата, како се враќа тоа што е културното и природно богатство на Охрид и Охридското Езеро, на крајбрежјето“,

рече Заев.
На прашањето зошто централната власт не ја преземе обврската за уривање на дивоградбите, наместо тоа да е надлежност на општините, премиерот рече дека тоа би било централизација на власта, што според него, е лоша порака за граѓаните.

„Слободата и демократијата живеат и се слават во нашата земја…Навистина ги следиме законите. Централната власт е во позадина, со поддршка не само во изјавите, туку и финансиски поддржуваме и се. Затоа што во моменти кога доаѓате на вакви предизвици повторно ја централизирате власта заради било кој изговор, тоа е лоша порака за граѓаните. Наша намера е да додецентрализираме, да пуштиме дополнително нови надлежности, па дури и тие што ги има кај градоначалникот и Советот да ги пуштиме на месните заедници, до таму, до граѓаните да стигнат. И од тој аспект сакаме согласно законите да се тераат сите постапки“,

рече Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...