6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНашите музичари бараат: Владата итно да ги откаже настапите на странските пејачи...

Нашите музичари бараат: Владата итно да ги откаже настапите на странските пејачи во земјава.

spot_img

Ние, како раководство на Естрадата на Македонија бараме да се откажат сите гостувања на странски музички изведувачи! Бараме поддршка и од властите за ова барање бидејќи сметаме дека е потребен ваков чекор од повеќе аспекти -морален, здравствен аспект и економски. Навистина не гледаме логика во гостувањата на странски, а најмногу балкански пејачи во ваков период, кога нашите македонски пејачи и групи со нетрпение чекаа да се отвори можност за настапување, пред се да ја обноват конекцијата со македонскиот народ, да се вратат во функција, бидејќи е изгубен и континуитетот, а со тоа и капацитетот на работа, а нормално и од финансиски причини- во име на музичарите од земјава раскажува претседателот на ЗЕУМ, Горјан Стојановски.

Додава дека и при последниот бран на корона вирусот, имавме слично сценарио, кога во Македонија гостуваа голем број на регионални пејачи, а сцени на кои се гледаше непочитување на мерките се објавуваа на социјалните мрежи. Потсетува дека токму поради овие настани, порано од очекуваното била донесена забраната за жива музика, на штета на домашните изведувачи.

-Во време кога нашите соседи им ги откажуваат настаните на познатите балкански ѕвезди, бидејќи пандемијата се шири забрзано токму на нивните забави, навистина не е во ред ние да ги прибираме и да си дадеме автогол како што се случи и минатиот пат, кога порано од очекуваното се воведе забрана за настапи токму поради забавите организирани од приватни локали со балкански изведувачи и без почитување на било какви протоколи.

Ситуацијата е добитна од повеќе аспекти, со дадените илјадници евра на балканските пејачи може да се ангажираат повеќе наши заедно со нивните музички и танчерски групи и со тоа финансиите да останат кај наши граѓани, газдите на локали со повеќе македонски ѕвезди би го правеле истиот промет како и со една балканската ѕвезда, и на крај избегнуваме ризик од побрзо ширење на вирусот со тоа што сите тие доаѓаат од некои претходни масовни забави заедно со нивните екипи.

Апелираме и алармираме до сите свесни сопственици на локали и сите совесни граѓани да не ги поддржуваат и иницираат овие настани за да можеме заедно да ја уживаме и одработиме сезоната како што е предвидена, со надеж дека веќе ќе немаме застој во работењето- велат од ЗЕУМ.

Потсетуваат дека македонската естрада со нетрпение чекала повторно да се дозволат настапите, а панедмијата влијаела на нивната форма и кондиција, на финансиската состојба, но и на контактот со публиката кој полека се изгубил.

-Сега, наместо да се реши овој проблем, естрадата се соочи со дополнителна, нова ситуација, а тоа се закажаните гостувања на естрадни ѕвезди од соседството. Ова наметнува два проблеми –првиот, кој е загрижувачки од здравствен аспект, со оглед на тоа дека пандемијата сеуште е многу активна и присутна, а гостите од странство со своите тимови посетуваат многу дестинации на своите настапи пред доаѓањето овде, а вториот аспект е финансиски, кој влијае негативно на македонскиот пазар во двата правци, односно хонорарите кои нашите сопственици на локали ги исплаќаат излегуваат надвор од нашата држава, а нашите ѕвезди при тоа остануваат без ангажмани и хонорари. Посебно затоа што се работи за астрономски суми на хонорарите, со кои суми локалите само една вечер ќе ја полнат касата! Со истите суми, може да се ангажираат неколку домашни естрадни уметници, неколку вечери по ред во неделата, кои тврдам дека би направиле исто така одлична атмосфера, а разликата е што локалите ќе бидат почесто полни! Народски кажано, на овој досегашен начин, парата не се вртеше дома! –реагира Стојановски.

 

Вели, да се занемарува фактот што соседните земји откажуваат настапи на музичари од страна поради пандемијата, и несфатливо е зошто Македонија упорно ги ангажира, занемарувајќи ги сопствените ресурси.

-Можеби некој ќе каже дека овие ѕвезди се поголеми и позабавни од нашите, со што секако, не би се согласиле, бидејќи ние и тоа како располагаме со добри пејачи и прекрасна македонска музика од сите жанрови, кои апсолутно може да ги задоволат потребите и на публиката која сака да се забавува по локали, но и на онаа која сака да ужива на целовечерни концерти.

Знаете, ние сме чуден народ, туѓото и да е лошо го цениме, а нашето и да е и добро и лошо, пак не чини. Треба да се научиме да уживаме во нашите убавини и да ја изгубиме навиката за исполнување на потребите со надворешни фактори.

Со оваа промена, ќе се отвори долгорочна потреба за поголема продукција на музика од страна на нашите ѕвезди, ќе се зголеми творештвото на македонската песна, а со тоа ќе стане и пазарот поконкурентен, нашите уметници ќе се трудат да прават се поквалитетна музика за домашниот пазар- е реакцијата на членовите на ЗЕУМ.

Од таму, уште еднаш апелираа до властите и до сопствениците на локали да направат измена во досегашните пракси, да престанат да ангажираат естрадни уметници од соседните земји и поради здравствен аспект, краткорочно, но повеќе поради морален и финансиски аспект долгорочно.

 

-Конечно Македонија треба да почне да ги користи своите сопствени музички капацитети кои ги има во изобилство и со тоа сама да си помогне со развивање на пазарот, подобрување на квалитетот и пробивање на истиот надвор и наместо ние да увезуваме ѕвезди од соседството, соседството да ги ангажира нашите естрадни уметници во иднина.
Ова до сега е голем пораз за земјата во која наводно кога поминуваш низ неа ,,не пеј и не играј”, а нашиот народ ги знае сите новокомпонирани балкански хитови, додека каде и да отидеме на Балканов, ги знаат истите пет македонски песни кои се напишани пред повеќе од 40 години- е ставот на раководството на нашата естрада.

Вики Клинчарова FOKUS

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...