32.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаПрофесорот Спасов до Груевски: Треба да се вратиш, и да ги погледнеш...

Професорот Спасов до Груевски: Треба да се вратиш, и да ги погледнеш во очи луѓето кои си ги водел, и нивните семејства.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Професорот Ѓорѓи Спасов преку својот Фејсбук профил упати бесплатен ПР совет до поранешниот премиер Никола Груевски.

<

Тој му посочува на Груевски дека доколку неговите најблиски соработници и другари ги судат и осудуваат, или пак лежат по затвори и страдаат за нешта во кои заедно сте верувале, тогаш не е храброст да им праќаш пораки на поддршка од удобна далечина.

„Така личиш на капетан кој прв го напуштил бродот и плаче над судбината на удавените. Биди војвода и дојди овде што и да ти се случи. Ќе бидиш маченик и жртва, чин кој твоите соборци многу повеќе ќе го почитуваат од твоето кукавичко бегство. Само така би имал можност ,ако некогаш се сменат приликите, да застанеш со чист образ пред оние што си ги водел некогаш и пред нивните семејства“, пишува Спасов.

Тој додава дека некогаш жртвата се исплаќа повеќе од лажната слобода.

„Борбата за правда и слобода многу често се водела и од затворски ќелии. И успевала. Тие што се плашеле и бегале, оставајќи ги другарите на цедило, останувале секогаш без почитување и углед не само меѓу своите соборци и истомисленици туку и било кај да продолжат да живеат како бегалци. А тоа сигурно не е лесен живот ниту е тоа слобода за уживање“, завршува Спасов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...