19.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаАвстралијаСобрани 28.000 австралиски долари за хемотерапија на малиот Јаков, Ристевски повторно со...

Собрани 28.000 австралиски долари за хемотерапија на малиот Јаков, Ристевски повторно со хуман гест

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски, за неполни два дена успеа да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари  за хемотерапија за двегодишниот Јаков.

<

Познатиот бизнисмен и филантроп по трет пат со своја иницијатива успеа да ја вклучи заедницата во Австралија за помош за земјата од каде потекнуваат неговите предци.

-Јаков, ти си мал борец, твојата насмевка ги стопи срцата на Австралијаните. Тука, кога сме повторно во локдаун, сите ги отворивме нашите џебови за да помогнеме. Инаку сум татко на три деца и едноставно не можев да замислам да не се вклучам да помогнам, вели Ристевски кој ѝ е познат на македонската јавност по два претходни хумани гестови.

Во 2016 година, кога се случија големите поплави тој успеа да собере 10.000 австралиски долари  за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите мајка и брат на скопската обиколница.

Минатата година тој повторно се јави како организатор на иницијатива за собирање донации во која ја вклучи неговата ќерка Медисон Ристевски, средношколка од Волонгонг, Австралија. Таа ѝ припаѓа на четврта генерација Австралијци со македонско потекло и изработувајќи средношколски проект, ги заинтригира светот и нашата дијаспора. Донациите доаѓаа од хумани луѓе од Австралија, Кина, Филипините, Нов Зеланд, Малта, Канада, САД. А беа наменети за реконструкција на Медицинското училиште Д-р Јован Калаузи од Битола, кое беше во очајна состојба.

-Не сакам никој да ми каже благодарам, зошто јас не направив ништо поразлично од секој еден кој добрината ја смета за доблест. Замолувам да ја споделиме страната за донации на GoFundMe https://www.gofundme.com/f/2yo-jacob-13cm-tumor-has-come-back-kidney-lost и да ги дособереме средствата кои се потребни за да го видиме овој мал херој како расте во добар млад човек, додаде тој.

Џим Ристевски е основач и менаџер на неколку компании во сфера на градежништво, аутсорсинг и дистрибуција на пијалаци во 12 земји во светот.

КУРИР

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...