19.9 C
Ohrid
петок, јули 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМојсовски: Дејан Георгиевски е новата ѕвезда во Македонија, ќе го наградиме со...

Мојсовски: Дејан Георгиевски е новата ѕвезда во Македонија, ќе го наградиме со 600.000 денари.

Сребрениот медал од Олимпијадата е голем успех за Македонија. Ова ќе го славиме уште многу години, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, го нарече Дејан Георгиевски идол и нова ѕвезда на македонскиот спорт.

Таеквондистот пред два дена на Игрите во Токио освои сребрен медал во категоријата +80 килограми.

– Сребрениот медал од Олимпијадата е голем успех за Македонија. Ова ќе го славиме уште многу години. Се надевам дека среброто од Токио, на следните Олимписки игри ќе се преточи во злато. Дејан е 22-годишно момче кое ги заслужи сите пофалби. Од самиот почеток Агенцијата за млади и спорт застана зад него, сите негови потреби ги теравме заедно и еве вроди со плод. За сите деца кои сакаат да се занимаваат со спорт, Георгиевски е нов идол, нова ѕвезда на македонскиот спорт. Тој ни даде мотив плус, по пандемијата, спортот да го вратиме посилно. Тој ни ги разубави моментите на Олимписките игри – истакна Мојсовски.

Агенцијата за млади и спорт, за освоениот медал ќе го награди Георгиевски со 600.000 денари.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Силно невреме го зафати Скопје: Кровна конструкција се заплетка на кабли од далновод.

Поради силното невреме кое го зафати Скопје, дел од кровна конструкција заврши на далновод. Кровната конструкција која ветрот ја оддува се заплетка во каблите од...

Украден калашников од полициската станица во Скопје

Во полициската станица во Карпош украдено е автоматско оружје „калашников“ брифираат извори на Порталикс. Информацијата ја потврди и МВР кои велат дека од 19 јуни...

При контрола на ноќен клуб во Тетово пронајдени 32 жени од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан

Полициски службеници од СВР Тетово при контрола на ноќен клуб во тетовско Горно Седларце на 17/18.07 во периодот од 23:30 до 5 часот изутрината...

Бајден е позитивен на ковид-19, ќе паузира од кампањата

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на ковид-19, потврди Белата куќа. Веста е објавена откако Бајден не се појавил на настан поврзан со претседателската...