23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаНаТочак“ постави бел велосипед на местото каде загина Билаљ Љамалари

НаТочак“ постави бел велосипед на местото каде загина Билаљ Љамалари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„НаТочак“ вечерва постави бел велосипед (ghost bike) на локацијата во Скопје каде Билаљ Љамалари го изгуби својот живот по сообраќајниот судир во кој тој возејќи точак беше удрен на пешачки премин од 20 годишно момче кое возело автомобил над пропишаната брзина. Од „НаТочак“ информираа дека во негова чест е поставен бел велосипед за потсетување на институциите кои можеле да го превенираат овој судир, но и за спомен на Билаљ објавува НОВА ТВ .

<

– Многубројните сообраќајки (судири или удари) и условите кои бараат екстремна снаодливост и вештини дополнително негативно влијаат на одлуката луѓето да користат велосипед како превозно средство бидејќи се чувствуваат небезбедни. Само најхрабрите се одлучуваат да се качат на точак, додека децата, родителите со деца, постарите граѓани, лицата со посебни потреби (кои би можеле да користат специјални велосипеди) поради степенот на загрозеност го немаат изборот да се движат на велосипед, посочуваат од „НаТочак“.

Оттаму истакнаа дека сите акции и кампањи за подигање на свеста за совесно возење автомобил кои се борат со овој проблем треба да имаат позадина која и физички ќе го наложи тоа, односно соодветна инфраструктура, а потоа и редовно контролирање и соодветно и сериозно казнување на прекршоците.

Имено, покрај поставувањето на бел точак, вечерва членовите на иницијативата „Ноќна Критична Маса #87: Бараме мерки за ноќните ѕверки!“, организираа ноќно возење со велосипеди со барање за мирни ноќи, без бучава и турирање, безбедни улици и безбедно движење за сите.

Досега „НаТочак“ има поставено повеќе бели велосипеди за загинати велосипедисти во сообраќајот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...