28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаШефот на државата ја менува традицијата: За да нема поделби, на Илинден...

Шефот на државата ја менува традицијата: За да нема поделби, на Илинден нема да се оддржи говор на Мечкин Камен.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот Пендаровски на 2 август по повод државниот празник Илинден, нема да оддржи говор на Мечкин Камен. Шефот на државата ја менува традицијата по 30 години, со образложение да се избегнат поделби.

<

Идејата е сите политичари да дојдат во Крушево и тоа да биде симболичен чин на обединување.

На Мечкин Камен нема да се обрати никој од политичарите а наместо говор, Пендаровски ќе има само кратко видео обраќање од две минути, порача претседателот на средба со новинарите.

За што што служи говорот? Тој предизвикува свиркања, клетви, разединување, Сегашниот концепт на прослава е разединување а не обединување. На народот му е преку глава од говори. – изјави Пендаровски.

Централната манифестација наместо во 12 ќе почне по 18 часот за да можат да СТИГНАТ НА ВРЕМЕ – претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев, кои претходно треба да бидат на одбележувањето на Илинден во Скопје и Пелинце.

Пендаровски соопшти дека поканети се буквално сите лидери на сите парламентарни партии, а за прв пат на Мечкин камен ќе се појави лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Лична покана е испратена и до Христијан Мицкоски но нема потврда дали ќе ја прифати. Поканети се и Села и Апасиев, но одговор и од нив се уште нема. Оваа година шефот на државата го поканил и олимпиецот Дејан Георгиевски , да го придружува на Мечкин Камен.

Манифестацијата на Мечкин Камен ќе почне со читање на илинденски пораки и Крушевскиот манифест од страна на актерот Никола Ристановски.

Предвидени се настапи на Танец, на албански ансамбл за песни и ора, како и ора на Воениот оркестар. Ќе настапи и Влатко Стефановски. Во Крушево ќе биде и традиционалната коњаница, а ќе маршира и почесен баталјон на АРМ.

Иако заедничкото одбележувањето на Илинден е едно од барањата на Бугарија, претставници од источниот сосед нема да има. Не се поканети.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...