12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаСветКурти -Косово никогаш нема да го заборави овој чин на хуманост и...

Курти -Косово никогаш нема да го заборави овој чин на хуманост и солидарност со нашата трагедија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Косово никогаш нема да го заборави овој чин на хуманост и солидарност со нашата трагедија, му напиша косовскиот премиер, Албин Курти, на својот хрватски колега, Андреј Пленковиќ, по сообраќајната несреќа во која се преврте косовски автобус и загинаа десет лица.

<

Во писмото до Пленковиќ, кое го објави владината служба за информирање, Курти вели дека брзата реакција на хрватските власти во давањето лекарска нега на повредените и грижата за другите патници „ги одразува највискоите вредности и племенитото срце на хрватскиот народ“.

„Вашето самопожртвувано залагање и на институциите на Вашата држава за да им ја пружите сета потребна грижа на нашите сонародници, ги допре длабоко нашите срца. Народот и Владата на Република Косово никогаш нема да го заборават овој чин на хуманост и солидарност со нашата трагедија. Со најголема почит, Ве уверуваме дека Република Косово секогаш ќе ги има срцето и вратата отворени за пријателите како вас“,се вели во писмото на Курти до Пленковиќ.

Автобус со косовски регистерски таблички кој сообраќаше на релацијата Франкфурт – Приштина и пренесуваше косовски печалбари во Германија, минатата недела, на 25 јули, околу шест часот наутро излета од патот и се преврте во близина на Славонски Брод, при што загинаа 10 лица, а повеќе од 40 беа повредени. На возачот на автобусот, за кој се претпоставува дека заспал додека возел, хрватските власти му одредија 30-дневен притвор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...