18.9 C
Ohrid
сабота, септември 18, 2021
Почетна Свет Николов: Ако станам премиер на Бугарија, нема насилно да ги лишувам браќата...

Николов: Ако станам премиер на Бугарија, нема насилно да ги лишувам браќата од С. Македонија од европската иднина

Translate (Eng):[gtranslate]

Кандидатот за премиер на Бугарија, Пламен Николов, од партијата „Има таков народ“ најави дека неговата влада, ако ја добие поддршката во парламентот, нема да воведе линија на конфронтација со македонските власти и дека Договорот од Преспа можеби ќе треба да се ревидира.

-Главната работа што сакам е да ја направам Бугарија просветлена земја. Ќе се заложам за образование, иновации и култура“, вели во своето прво интервју Николов за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Тој додава дека нема „насилно да ги лишува своите браќа од Северна Македонија од можноста за европска иднина, иако ќе води грижа за бугарските национални интереси“.

РЕКЛАМА

Вчерашната номинација на Пламен Николов за премиер на Бугарија од „Има таков народ“ беше изненадување за бугарските политички партии, кои излегоа со воздржани коментари дека има добра биографија, но е непознат за нив.

Фото БГНЕС

- Реклами -