23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаНезадоволство -Албанскиот јазик не е целосно применет, го нема на униформите на...

Незадоволство -Албанскиот јазик не е целосно применет, го нема на униформите на полицијата и во помалите општини

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јубилејната годишнина од Охридскиот договор ја најде употребата на албанскиот јазик во јавните институции не целосно применета. Иако тоа беше еден од четирите главни столбови на Договорот што донесе мир по вооружениот конфликт од 2001 година, и по две децении, спроведувањето на албанскиот јазик во повеќето случаи останува во рамките на волјата на државните органи. Законот за употреба на јазиците продолжува да биде на хартија, но не и во официјалните документи на некои од клучните институции во земјата. И првиот вицепремиер Артан Груби, призна дека не сите државни институции го спроведуваат Законот за употреба на јазиците. Но, според него важно е јазикот да биде регулиран со Устав и закон.

<

„Сите материјали во Владата, во Собранието, во Претседателството, во општините се на албански јазик. Постојат институции каде за точното спроведување на албанскиот јазик треба уште да се работи, но важно е дека според Уставот и законот, албанскиот јазик е официјален јазик во РСМ. Додека институциите, кои ги основавме, како што се Агенцијата и Инспекторатот, мора да ја вршат својата секојдневна работа“.

Иако Агенцијата за имплементација на јазиците е основана веднаш по стапувањето во сила на Законот на почетокот на 2019 година, сепак останува немоќна да ги стави во функција нормативните акти. Инспекторатот за употреба на јазиците требаше да започне со работа шест месеци по формирањето на Агенцијата за спроведување на Законот на јазиците, но овој Инспекторат сè уште не е консолидиран бидејќи инспекторите се обучуваат девет месеци. Директорот на ова тело, Фатмир Исени, рече дека се очекува на терен да работат шест инспектори, што е далеку од обемот на пријави на граѓани и службени лица Албанци, кои тоа го прават преку нивната веб – страница.

„Во моментов ќе добиеме лиценци за тројца инспектори, а другиот дел од инспекторите ја завршија обуката, и ќе започнат да работат со ментор. Има вкупно 6 инспектори, но тие не се доволни затоа што секогаш бараме нови вработувања. Буџетот што го предвидовме, толку и вработивме, очекуваме оваа година да има повеќе вработени, особено од редовите на инспекторите “.

Според властите, првите инспектори на терен се очекува да се појават по два месеци, но бидејќи Законот првично дозволува само предупредување и во случај на повторно непочитување на јазиците, инспекторите имаат право да изрекуваат казни до пет илјади евра за државните институции. Но, албанскиот јазик го нема на амблемите на полициските униформи. Ова долгогодишно прашање беше дискутирано на последната седница на Владата и според извршната власт, албанскиот јазик наскоро ќе се појави на униформите на државната полиција и на шумската полиција на територијата каде што се применува двојазичност.

 

Adnan Qaili- Алсат

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...