13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаНатчовечките напори на жителите, пожарникарите-Спасен манастирот ,,Св Петка” од пламените јазици кај...

Натчовечките напори на жителите, пожарникарите-Спасен манастирот ,,Св Петка” од пламените јазици кај Пехчево

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Натчовечките напори на жителите, пожарникарите и сите инволвирани во гаснењето ја спасија од опожарување манастир „Св.Петка” од пожарот кој повеќе од 10 часа беснее во Пехчево. Моментално ситуацијата е под контрола, а гаснењето продолжува со четири возила кои пристигнаа на припомош од Бугарија. За време на пожарот како што информираат жителите кои цел ден учествуваа во гаснењето комбајните жнееле со цел да се спаси житото и да се спаси родот од пламените јазици.

<

-За среќа манастирот е спасен, изгасен е на време. Не е доцна за помошта што стигна од Бугарија бидејки има потреба од помош кај Чифлик, Умлена и Робово, бидејки од таму може да префрли многу лесно за Пехчево. Попладне дојде и хеликоптер на Армијата. Гаснеа и пожарникарите, од Шумско стопанство и населението. Се што дојде за помош е добредојдено, вели жител на Пехчево.

Додава дека според негова проценка штетата е катастрофална.

-Штетата е огромна, пределот не е најбогат но доста добар е, има доста борова шума, се е изгорено. Тоа на пладне беа страшни пламени јазици, вели тој.

Паралелно продолжува гаснењето на пожарот кај маалото Пасјак каде едно од вкупно 4 те возила кои пристигнаа како помош се вклучија во гаснење на огнената стихија над селото Нов Истевник. МИА

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...