18.9 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаМакедонијаПожарот во Пехчево не може да се гасне со летала, хеликоптерите вратени...

Пожарот во Пехчево не може да се гасне со летала, хеликоптерите вратени назад во Скопје.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево, се враќаат назад.

<

Ова на социјалните мрежи го објави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој образложи дека ваквата одлука била донесена поради високите температури, поради кои, како што нагласи, се загрозува животот на екипажот.

Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место!


„Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура“, објави Ангелов.

Тој додаде дека хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.

„Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место!“, напиша директорот на ЦУК.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...