4.4 C
Ohrid
недела, февруари 16, 2025
ПочетнаМакедонија72-годишнен битолчанец во притвор- извршил полови дејствија врз дете

72-годишнен битолчанец во притвор- извршил полови дејствија врз дете

spot_img

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 72 години, осомничено дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 од Кривичниот законик”, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

<

Како што информира ЈО, на 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојче родено 2011 година. Вознемирено, девојчето се расплакало и го напуштило станот.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена како мерка за негово обезбедување во текот на постапката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...