4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаВикторија од Долнени: Богородица ми кажа дека треба да одам по стапките...

Викторија од Долнени: Богородица ми кажа дека треба да одам по стапките нејзини

spot_img

Некои ја озборуваат, некои ја исмејуваат, некои и веруваат… Но дваесет и осумгодишната Викторија Петреска од Долнени е, дефинитивно, личноста за која деновиве сите зборуваат. Таа стана популарна после прилогот објавен на телевизија Сител во која обзнани дека го слуша гласот на Богородица која, меѓу другото, и открила две големи тајни. Дека во прилепскиот регион се наоѓаат гробниците на двајца значајни „владетели”: Крале Марко и извесен француски крал Франко Втори.

Викторија на прв поглед е сосема обична жена. Таа е посветена сопруга и мајка на три девојчиња. Иако се омажила многу млада, не се жали на животот. Раскажува дека пред шест години сонила чуден сон, но чие значење тогаш не го сфатила.

Сонив вода со ѕвезди сјајни како од небото. Сонот беше просветлен само не бев свесна што е тоа. Пред осум недели сфатив. Ми се појави ликот на Богородица, ми кажа дека треба да ја слушам, дека треба да одам по стапките нејзини. Ми се појавува и ми кажува што треба да сторам, ни рече Викторија како едвај да чекаше да ја раскаже својата приказна.

Вели дека Богородица ја гледа и како лик на млада жена на нејзини години и ја чувствува како своја заштитничка. Себеси се опишува како гласникот од бога пратен, да ги потсети луѓето дека се оддалечуваат од религијата.
-Ме нарекува гласник на новото доба. Вели, време беше да се појави гласникот што сите го чекаа. Така ме нарекува. Оти, ми вели, луѓево многу застранија од верата, особено оние кои се избрани да ја шират меѓу народот, раскажува Викторија секогаш споменувајќи го гласот што и зборува.

Мораш цело време да бидеш со мене, ми вели гласот и да ме споменуваш. Да не бидеш ми вели, како Јованка Орлеанка која одела во битките и не го споменувала Бог. Стално да го споменуваш господ, раскажува Викторија и не убедува дека она што излегува од нејзината уста не се нејзини зборови туку на Богородица.

Дури и кога црта не знае што ќе нацрта или напише се додека гласот не и каже дека цртежот е завршен. Тогаш го гледа вистинското значење на скицата. Ни ги покажа сликите, и додека ни го објаснуваше се радуваше како дете со сликовници.
– Завршив само седмо одделение и никогаш не сум цртала, ниту пак сум учела историја. Имав двојка по ликовно, науката не ме интересираше и не бев некој голем верник. Во црква сум одела само за големи празници, а никогаш не сум ја прочитала Библијата. Сето ова е ново за мене. Некои зборови што излегуваат од мојата уста се нови и за мене, некои не ги разбирам, но полека учам, раскажува Викторија и при тоа не ја симнува блажената насмевка од лицето.

Вели дека е подготвена на сите искушенија кои ќе се исправат пред неа. Дека мора да трпи навреди и омаловажувања, но дека е убедена во тоа што го работи и што и го кажува гласот во неа. А гласот и вели, раскажува нашата домаќинка, дека ќе се случи нешто многу убаво, нешто многу големо што досега светот не го видел. Тоа ќе биде голема придобивка за човештвото. Тогаш, и рекла Богородица, тие што те омаловажувале нема да можат да те погледнат в очи.

Сите од семејството собрани околу неа ја слушаат што зборува. Нејзиниот сопруг малку зачуден од приказните, цело време ја следи на нејзиниот пат.
– Ми вели Викторија, раскажува тој, ова е како на почетокот на христијанството кога многумина пострадале за верата и јас верувам. Свесна е и таа, а и ние со неа дека можеби некои ќе не исмејуваат, ќе ни го жигосаат семејството, но еден ден вистината ќе излезе на површина, вели Никола и додава дека така ги воспитуваат и децата. Да не возвраќаат никому, ниту да коментираат ако некој им пререче нешто.

Викторија раскажува дека и двете кралски гробници кои и ги открила Богородица ги видела на јаве. Тврди дека е сосема свесна кога влегува внатре во ходниците, кога гледа што има внатре.
– Во саботата вечерта ми го покажа гробот на Крале Марко. Цртав до два часот ноќта, цело време ме тераше да цртам. Сама раката ми црта, јас само го држам моливот. Не сум свесна што ќе нацртам и кога ќе го видам цртежот гледам и се чудам. Таа е постојано со мене. И сега седам овде и ми кажува што треба да кажам. Таа зборува не јас, раскажува Викторија.

Вели дека влегува во гробницата, точно знае каде е влезот каде излезот и тврди дека не е многу длабоко закопана и дека треба само малку да се копне за да се појави. Раскажува дека самиот објект не е голем, но дека е импозантен ходникот кој води до неа. Имало, вели таа и уште една просторија каде има предмети кои ги користел Крале Марко – боздоганот и круната. Тврди дека откако ќе се откопа гробницата ќе се претвори во многу значаен музеј. Но Викторија исто така вели дека го слуша Крале Марко како тагува бидејќи не почива до неговата сакана која била закопана на Трескавец. „Ми вели, раскажува Викторија, иако сум крал тоа ништо не ми значи. Многу сум високо ама многу сум длабоко притиснат оти сум без мојата сакана”.

Извор: Вечер

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...