16.9 C
Ohrid
среда, октомври 9, 2024
ПочетнаМакедонијаПожарникарите на терен работат и по 40 часа без замена за 300...

Пожарникарите на терен работат и по 40 часа без замена за 300 евра плата.

Изминативе денови за гаснење на пожарите и во критичните места пожарникарите на терен работат и по 40 часа без замена, велат од Независниот синдикат на пожарникри. Оттаму соопштија дека тоа се случува зошто нема кадар и нема кој да ги замени на работно место.

-Никој не се жали од работа, но просечното време до кога треба да се на терен, особено во вакви случаи е 12 до 14 часа, и потоа да добијат замена, а не да работат повеќе од 40 часа, вели за „Денар“ Боби Велјановски секретар на независен синдикат на пожарникари при ССМ.

Од синдикатот посочија дека просечната плата на еден пожарникар е 19 илјади денари без додатоци. Но, Велјановски вели проблем е тоа што овие додатоци во некои делови од земјава пожарникарите не ги добиваат. Најплатени се оние кои работат во службите во Скопје.

Според податоците, во земјава има нешто повеќе од 900 пожарникари. Но според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, недостасуваат над 500 пожарникари за да се задоволи законскиот минимум и да има функционален противпожарен систем. Според синдикатот, пак, во земјава треба да има над 1.350 пожарникари.

-Сите кои ќе заминат во пензија или нема кој да ги замени или оние кои ќе дојдат да работат немаат соодветни квалификации, зашто нема образовен систем во земјава, вели Велјановски.

Инаку, според анализите, недостаток на пожарникари има во цела Македонија, но најмногу фалат во Скопје околу 200, потоа следи Тетово, Гостивар, Куманово, Битола има кусок од 32 пожарникари, а Прилеп 29. Во Кочани пак каде пожарот беше закана за целиот град има вкупно 15 пожарникари во град каде има помеѓу 30 и 40 илјади жители.

Освен кадар за работа противпожарните служби имаат недостаток и на возила. Во државава има вкупно 220, но 70 проценти од нив се од минатиот век. Најстарото е од 1966 година, а се што е ново добиено најчесто е од донација. Во Кочани на пример, пожарникарите имаат само 7 возила, од кои само две се теренски, а еден камион настрада и во пожарот кој стигна до првите куќи во Белско Маало.

Од синдикатот велат дека ваквите служби треба да бидат поттик во следниот период целосно да се обезбедат и со опрема и со луѓе.
ДЕНАР МК

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заев го прослави својот 50-ти роденден со торта во форма на мотор !!

Поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, вчера го прослави својот 50-ти роденден на приватна забава во кругот на семејството и најблиските...

Исплатена е добивката од 1,7 милиони евра, добитникот е од Охрид !!!

Од Државна лотарија на Република Македопнија информираат дека е исплатена најголемата досега, рекордната 7-ка вредна 1.700 000 евра, или 109.012.304 денари. Добитникот е од Охрид...

Теа од Куманово ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум во Мексико

Теа Георгиевска од Куманово ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за убавина „Мис Универзум“ кој идниот месец ќе се одржи во Мексико. Титулата Мис...

Ристовски: Познатите спортисти во Македонија нема повеќе да рекламираат казина и спортски обложyвалници.

Познатите спортисти кои досега рекламираа обложувалници или казина, во иднина нема да го прават тоа. Ова го изјави министерот за спорт Борко Ристовски. Станува збор...