8.8 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонијаЛазар Бараков пресреќен: Мило ми е што мојата ќерка Викторија стана успешен...

Лазар Бараков пресреќен: Мило ми е што мојата ќерка Викторија стана успешен архитект и не тргна по татковиот трнлив пат.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Актерот Лазар Бараков стана препознатлив по улогите во македонските народни приказни каде најчесто беше сиромав или слуга, а во никој случај не треба да ги заобиколиме и улогите во: „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Марка“, „Погрешно време“ .

<

Сепак, македонските народни приказни остнаа обележје на Лазар, а во врска со улогите кои ги имаше знае да каже:

„Повеќето улоги кои ми ги даваа мене, другите колеги не ги сакаа зошто ги сметаа за понижителни, но јас ги сакав зошто секоја улога е важна и убава“, констатира Бараков.

Сепак, во реалниот живот Лазар е далеку од сиромаштијата бидејќи го има најголемото богатство што може да го посака еден човек.

Тој е татко дури на три деца со кои особено се гордее, како и тие со него.

Она што можеби е малку познато, е тоа дека неговите деца, Македонка, Викторија и најмалиот Александар Бараков имаа улоги во приказните уште од мали.

Денес тие се уште го придружуваат својот познат татко, но не во приказните, туку се негова константна поддршка во се што прави, каде и да се појави.

Кога веќе ја спомнавме неговата ќерка Викторија, денес Лазар ја сподели неговата среќа со сите нас:

Ќерка ми  Викторија Баракова
Како првоодделенка , беше дел во некои од приказните со Колозов – незаборавните…
Фала му на Бога, не тргна по татковиот трнлив пат,… одбра друга Уметност- Архитектурата. Се што се работи со љубов и душа е Уметност. Животот е уметност…

Но многумина од вас ќе се запрашаат која е Викторија и што работи и каде работи во моментов, еве на кратко ќе ви пренесеме каде е вработена Вики и дали навистина е среќна и таа во тоа што го работи, и колку е успешна во сетоа тоа:

Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „ç EAST GATE EAST GATE CREATORS викторија баракова архитект-тенант координатор“

Викторија Баракова
За мене Ист Гејт претставува најголемиот шопинг мол во регионот, дизајниран по највисоките стандарди. Повеќенаменски центар за шопинг, забава, храна и рекреација, со низа активности за сите возрасти и вкусови. Се што сакате, ќе добиете овде. За мене Ист Гејт е едно големо искуство што ќе ми помогне понатаму во мојата професија, и сум многу среќна што сум дел од овој проект.

ЈАС СУМ дел од тимот на вкупно 5 архитекти – тенант координатори. Мојата функција како Архитект – Тенант координатор е да ја координирам работата при дизајнот и изведбата на продавниците на Закупците, односно менаџирање на потребите на закупците, координација, проверки на техничка документација, инспекции на материјали, теренски контроли и.т.н. Моментално водам 37 продавници.

Мојата професија е архитект со завршени магистерски студии на Архитектонскиот факултет во Скопје на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Моето досегашно искуство во најголем дел е сконцентрирано во градежништвото. Имам 3,5 годишно искуство како инженер во изведба, и дел во проектирање. Првенствено имам работено на високоградба но исто така и на нискоградба. Прв пат учествувам во изградба на ваков грандиозен јавен објект. Да се работи на објект како што е Ист Гејт Мол е најголема чест за еден инженер.

Среќна сум што сум дел од врвен тим на професионалци, луѓе кои воодушевуваат со знаење и искуство и од кои имам можност да учам и да се надоградувам.

 

Моето утро започнува со шолја зелен чај проверка на електронската пошта. Делам канцеларија со нашиот Тeam Leader, а тоа секако е огромна предност. Комуницирам со повеќе од 50 луѓе дневно. Посебно овој период станува се подинамично бидејќи закупците ги превземаат локалите и комуникацијата со луѓето вклучени во процесот се одвива интензивно.

За мене Ист Гејт претставува најголемиот шопинг мол во регионот, дизајниран по највисоките стандарди. Повеќенаменски центар за шопинг, забава, храна и рекреација, со низа активности за сите возрасти и вкусови. Се што сакате, ќе добиете овде. За мене Ист Гејт е едно големо искуство што ќе ми помогне понатаму во мојата професија, и сум многу среќна што сум дел од овој проект.

Ист Гејт и Скопје? Ист Гејт е новиот ЦЕНТАР на Скопје.

Mоја инспирација се професионалците со кои имам привилегија да работам.

Моето мото е биди посилен од своите изговори, направи работите да се случуваат и изненади ги сите околу себе.

Ништо не е тешко кога се работи со љубов.

Mоето хоби се патувањата. Слободното време секогаш го користам да посетам некоја нова дестинација. Голема желба ми е да го посетам Мексико, се надевам дека по пандемијата ќе ја имам таа можност.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...